Еве те, повторно се враќаш... Упорно се трудам да те оттргнам, да те игнорирам.. Но сам се враќаш, будиш оган кој сеуште тлее. Се труфам да останам силна, ама не офди. Солзите во очите ме издаваат. И те мразам.. те мразам бидејќи ме читаш како отворена книга. Добро сум кога не те гледам, кога не мислам на тебе, кога не спијам, кога не јадам, кога не пијам. Кога не правам ништо. Кога ја слушам тишината и се губам некаде далеку во просторот.. Таму кадешто те нема тебе, ја нема љубовта, ја нема болката... Само благопријатност...
Те мразам затоа што си одиш.. Ќе заминеш, ќе почнеш нов живот далеку од мене.. Можеби ќе се вратиш, можеби нема. Не сакам да те сретнам никогаш повеќе.
Ама зошто те сакам колку што те мразам и дури и уште повеќе?? Не ми е јасно. Не ми е јасно што гледам во тие зелени очи, во таа насмевка, тоа лице.. што слушам во тој ѕвонлив глас? Што е тоа што упорно ме држи близу до тебе? Некој невидлив кабел широк и долг со километри? Ех да можев да го прекинам.
Не сакам да те сакам.
Но те сакам. Те сакам дури и кога мислам дека не те сакам. Те сакам и кога не сакам да те сакам. Те сакам и кога те мразам. Те сакам и кога те гледам и со друга на само неколку метри од мене. Те сакам и кога бакнувам други усни, а не твоите. Те сакам и кога ме повредуваш. Те сакам поради тоа што секогаш се враќаш. Те сакам...
Не знаеш колку болат усниве кога бакнувам некој којшто не е ти. Не знаеш дека синилото на небото кое сите го гледаат за мене е црнило. Не знаеш дека сеуште твојата слика ја чувам под перницата и секоја вечер ја топам со солзи. Силна сум пред сите, а тишината и самотијата ми се сведоци дека се ме боли.
Но животот е премногу краток за да жалам што те сретнав, што те засакав и што сега те нема.
Нема да жалам, но ќе се сеќавам на тебе. Сега се што ми остана се сеќавањата. Само така знам дека постоиш, дека некогаш беше мој..
Те сакав, те сакам и ќе те сакам засекогаш...
Засекогаш твоја,
Foxy