Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Не ми се верува дека ти се јавив, ама и тоа оправдано, а потоа видов и порака сум ти пишала - страшно ! Среќа се воздржав и не се издадов! Или можеби несреќа .. што знам, барем ти го слушнав гласот пак, но сакав да си крај мене... секоја солза го кажуваше тоа... До каде стигнав ради тебе? До никаде, од врвот паднав кон дното, а сега сум на самиот почеток и тапкам в место.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
483218_556659097696983_816018578_n.jpg
:*

Ти си ми мене љубов и ја тебе (inlove)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Деновиве ми недостигаш повеќе од обично, имај убава вечер, и смеј се, најубаво го правиш тоа.
Па и заљуби се ако треба за да си среќен, јас сум таа на која останува да се бори со себе си и со чувствата.
Нема да ти пишам порака, знам не сакаш .
Затоа тука среќна нека ти е 2013.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
колку и да се надевав .. знам дека сум глуп.
Заљуби се во кој сакаш, прави што сакаш. Нема повеќе да дозволам да ме упропастиш. Чекав .. и мислев дека ќе направиш нешто, но не. Не чекам ништо повеќе.
Збогум (wave)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сакам да ти кажам дека ти си божеството кое управува со моето срце, со мојата фантазија и моите мисли. Те љубам.
 

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
32
Во неговото срце.
Во петок ни е годишнина.. Не ми се верува како лета времево..
Ти подготвив видео со наши слики и причини зашто те сакам, се надевам ќе ти се допадне....

И да, да не заборавам, ти благодарам за вчерашната вечера, јас, ти, свеќи, вино, тивка музика.... и Љубов!