Најискрено, ме изненадуваш. Не мислев дека постои ваква страна кај тебе. Ама јарец си... типичен јарец... цел живот си имам работа со јарци... Ме третираш како возрасна, па после стануваш детинест и сакаш да се зафркаваш, па после си нерасположен, па се ти е смешно, па си сериозен и мртов ладен, за на крај да ми се отвориш како во исповедувачница и да ми изнакажуваш работи што мојот мозок не може да ги процесира за толку кратко време, навечер мислам на тоа и анализирам, не можам да спијам. Најбитно, почна да ги враќаш старите шифри. Фокси лајкс ит вери мач. Ах да, и заборавив да ти кажам, откако го смени начинот на кој ме испраќаш на спиење, заспивам и се будам со насмевка на лицето иако сум спанка. Сите имаат проблеми, па и ние. Никој не е совршен. Не сум ни јас. Виде како можам брзо да се сменам? И сам рече дека 90% сум сменета, дека само детали се во прашање. И сам ми рече дека веќе не сум иста, дека ми се врати сјајот во очите, искрената насмевка на усните и 7те изгубени килограми од април месец па наваму. Толку многу сакам да ти кажам, ама време нема. Туку, спиј ајде. Утре се враќаш... конечно ќе те имам за себе, па макар и на неколку часа. И дај боже да не треба да се соочам со она што ти го кажав пред неколку минути по телефон. Дај боже.
Лека ноќ. Сонувај ме.
