Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Сеуште се гордееш со тоа што ми го скрши срцето ? Па можеби и треба, гледано од твоја точка. Ми зема се, и си отиде. Ми ја зема цела љубов со тебе. Сега кажи ми како да продолжам ? Како да љубам друга ? Како да продолжам да живеам ? Кажи ми ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and redhead

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
И по толку многу време... Каде отиде главното нешто - мотивацијата да почнам? Да кажувам како што тебе ти кажав кога првпат нашите погледи се сретнаа? Каде отиде тој зачеток за да после тоа се вивне во воздухот и шепоти да немам страв? Да ја имам онаа проклета безгрижност дека утре пак ќе се разбудам во туѓи прегратки? Каде? Кажи ми те молам каде???


Проклето нека свири. такт по такт.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Solve for " I "
9x-7i > 3 (3x – 7u)
_______________
9x-7i > 9x-21u
-9x -9x
_______________
-7i > -21u
___ ____
-7 -7
________________
I < 3 u

@Knife
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Само замисли дека ти ја свирам акустичната верзија додека ти ја слушаш преку телефон, легнат на креветот во “голубарникот“, сети се дека многу те сака твојата Фокси, кажи дека ме сакаш, затвори ги очите и заспиј мирно...
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Told myself that you were right for me,
But felt so lonely in your company,
You can get addicted to a certain kind of sadness,
But I'll admit that I was glad that it was over.
And that now we're nothing,
And I don't even need your love,
Now and then I think of all the times you screwed me over
But had me believing it was always something that I'd done
And I don't wanna live that way
Reading into every word you say
You said that you could let it go
And I wouldn't catch you hung up on somebody that you used to know...
Now you're just somebody that I used to know.............

Знаеш колку пати од бес, сакав да пишам многу работи, ама инатот не ми даваше.
Ех кога ќе ми текне, во живот не сум се каела за никого, ама за тебе да.
За тебе секогаш ќе се каам.
Мило ми е што заврши се, не знаеш колку.
Побездушен човек од тебе немам сретнато.
Посуров.
Се трудам тука да склопам нешто за да ти го доловам бесот што го чувствувам, ама не можам, нема доволно зборови.
Не тагувам по тебе, туку по себе.
Не можам да се пронајдам , ни да се препознаам.
Порано можев да ги препознаам таквите како тебе, ама ти толку вешто глумиш.
Човек да ти подзавиди.
Ми зема некој дел, а и јас ти дозволив.
Зошто ли ти се предадов, не ми е јасно зошто?!
Отупев од болка веќе, секое сетило ми е мртво.
Се чувствувам празно, вака никогаш не ми било.
Ама еве со тек на времето ми олеснува.
Верувај да.
Никогаш повеќе.
Никогаш.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Го знаеш чувството кога чувствуваш копнеж по некој во секој дерматом, секој фоликул со скинато влакно?
Јас да. Знам дека и ти.
Се зрачам пред екранов, глупавиов телефон на тач, што не можам да го навикнам никако, стои покрај мене и чекам да засвети. Да поминам со прстот од лево кон десно и да ти го чујам гласот.
Кога обврските ни се зголемија трикратно? Кога созреавме толку?
Среќа што се имаме.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
СДК дека у тебе се заљубив.И нема да куртулиш од мене.Само незнам ни кој си,ни што си.Ама убав си бе :sram .Ај биди ми симпатија за озбилно :p.Ете така тоа сакав да ти кажам,може и ќе прочиташ (wasntme)
A5RllK3CQAAfOdy_large.jpg