Не знам дали се сеќаваш, пред 3 и пол години кога ми се врати мачорот после долго време, а потоа пак замина..
Пред некој ден пак се врати после цели 3 години и ми влеа некаква надеж дека можеби ќе има со кого да ја поделам оваа радосна вест.
Порано секој ден каков и да ми беше, лош и никаков - ти знаеше да го направиш прекрасен.
Во животов имав само 3 желби, кои ги оставам до 2013 да се средат, не сами по себе, туку со моја заслуга.
Едната - да издадам книга - ми се оствари, во текот на печатењето е, крајот на фебруари треба да излези.
Другата - да те видам некогаш во животот, бидејќи ми беше како брат, така и те чувствував - и тоа се случи лани, те видов.
Третата - да комуницираме пак онака како порано, да ги расчистиме сите недоразбирања, бидејќи веројатно ги имало, затоа и не разговараме. - само оваа желба не ми се оствари, оставам на тебе.
И таа случајна средба, веројатно не била толку случајна, бидејќи престанав да верувам во случајности, и не сме прекинале контакт случајно туку со некаква причина, можеби ти си сакал, можеби сум ти била досадна, и еве ќе речиш дека уште ти досадувам.
Но, некако Горан мислам дека ми фали се она што порано се случуваше, твоите вицови, песни (добар избор имаше од секогаш), да ми дадеш можеби некој совет и се тоа.
Не ти пишувам често, но мислам дека нема ден кога ќе ми речи некој од кај ти е прекарот Змајче, само премолчувам и се сеќавам на тебе, ти постоиш тука, ти ми го даде овој прекар, кој тогаш ми беше туку - така, не обрнував многу внимание, но сега ретко кој ме вика на име. Како што јас тебе те викам Гемини кога разговарам нешто со вујко ми.
Можеби беше моја грешка што премногу се здружив со Анџело, па тебе и те запоставив како другар, но се тоа било ненамерно, и да сум ти згрешила нешто било ненамерно.
Кога го замолив Анџело да ти пренеси да ме одблокираш на месинџер, ти ме одблокира, но џабе кога не разговаравме и не разговараме. Не ме прифаќаш тука, океј е те сфаќам, те избришав имаш право да ми се лутиш. Можеби сум ти пишала и порано дека овој профил да не се лажам ама го направив со нова надеж дека можеби ќе се средат работите од минатото, но залудно било се.
И овие монолози што ги водам можеби не се најубавото нешто во мојов живот, но ете да знаеш се сеќавам на тебе и ми фалиш како брат.
Направив лажен профил и не се осмелив да ти пишам, а мислам дека ме имаш прифатено, не сакам да се кријам, сакам да пишувам со мое лично име, да знаеш кој ти пишува.
И овој реферат е премногу долг знам, но дочитај го те молам. Сношти смислував што ќе ти пишувам, но немав храброст бато, немав храброст да ти го напишам, па дури и сега се подумувам дали треба да ти пишам.
Викав утрото е попаметно од вечерта, но еве што ми донесе утрото и повтпорно ќе ме начека вечер.
Само сакам да ти кажам дека се гордеам со тоа што си асистент на ФЕИТ. И макар еден збор да ми вратиш во сиот овој монолог ќе ти бидам благодарна, дури и да се најлошите зборови.
Само ова :/