Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Толку брзо можат да се свртат чувствата за 360°?!? Не знам дали е можно, сабајле сум пишала едно, сега друго.. (think)
Сега, па види ја вакво нешто не очекував од тебе, никогаш.. Мислев дека не примети ништо, мислев дека не знаеше што ме мачи и колку ми згреши во тие неколку саати ама сум се гадно излажала..
Дека од тебе таков гест за извинување, дека до толку ќе се покаеш. . Искрено запрепастена сум.. До Охрид на пица ме однесе за се што се деси разговараше, дека згреши ми призна ама.. Ајде не мора да се извинуваш со зборови доволен е погледот.. Јас не ти се лутам..
Јас те сака.. И слатко се најадов да знаеш : ) (inlove):trca
Лека ноќ :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Чудна беше тоа вечер.
Почнав да цртам по ѕидот во темнината.
Стоеше од страна впивајќи го секој мој потег.
Дај ми ја цигарата..ми рече и ми ја зема од рака,пушејќи ја докрај.
Го пишував она што не сум способна да ти го кажам.
Она што не сум способна да го изустам пред тебе.
Она што толку сакаш да го чуеш од мене.
Она што очекуваш да ти го кажам.
А јас незнам да зборувам за своите чувства.Само знам да ги претопам во напишани зборови.
Пред очи ти ги напишав на ѕид.Да ги прочиташ.
Моите чувства кон тебе.
Молчеше,гледајќи ме.
Рече ајде да одиме.
Зборувавме за неважни работи шетајќи по улиците со расцветани дрвја.
Бев среќна,најсреќна.
Во позадината,
во тишината на ноќта останаа зборовите.Ќе стојат така нацртани се додека некој не го окречи ѕидот со бела боја.
Тие.
За тебе.
Чудна е и оваа наша приказна.Секогаш завршува за повторно да започне.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Ти кажав.. Ти кажав.. :igra
Те сакам. Благодариме..
Викаш, благодариме за што?!
-Зошто ми ја направи вечерва најубава. Зошто како мало дете на раце ме носеше, ме смееше, на рамена ме носеше.. Си играше со мене ко со детенце.. Весел ми беше. Ме усреќи пак.
Нема откачување од тебее, нема...
А и шо ке ми е да се откачам ко убо ми е.
Најубо ми е!
Те сакам! Со тебе сум нешто, без тебе ништо.
Фала ти! Зошто за мене се грижиш, што ме боли што не, кај кој др треба да одам и што да снимам.. Се грижиш зош ме сакаш.
(hug)
Среќна сум бе! :frantic:sram
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Колку глупаво од моја страна.
Мислев дека сум единственото цвеќе во градината.
Оо, како луѓето ги снемува од нашиот живот.
Баш тогаш кога ќе се навлечеш на нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden and violetmoon

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
Секое лошо за добро е. Тоа е знак дека треба да направиш нешто друго. Ти упорно ја пикаш главата во земја како ној. Колку поскоро се свестиш, толку подобро за тебе.

Sent from my phone
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Убава е ноќва, врнежлива и мирна само ти недостигаш во неа. Да стоиме покрај прозорецот и се гушкаме гледајќи го дождот како паѓа додека ни оди омилениот албум од Анатема. Да ти го осетам здивот во вратот додека силно ме стискаш со рацете во кои се губам.
Знаеш колку само ти ги сакам прегратките. Во нив ми е најубаво, ми даваат спокој, топлина, љубов, среќа, сигурност. И ми фалат ноќва многу, како и секоја една претходна. Секој миг кога не си ми во близина фалиш. Дојди ми среќо, дојди ми побргу, грабни ме и не ме пуштај. Врткај ме силно во рацете а јас ќе ти се смеам додека ти ги гледам очите полни радости. Те љубам љубов, те љубам.
 

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Талкам низ таинствените предели сокриени во твоите очи, сакам да се изгубам таму и никој да не ме пронајде. Удобно ми е во твојот поглед, се чувствувам како дома, иако не сум. Друг е сопственикот, а јас сум само случаен гостин изгубен низ лавиринтите кои водат кон најдлабоката точка. Најтаинственото место, од кое твојата љубов извира. Местото, кое копнежот мој го зголемува. Таму неуспеав никогаш да влезам. Останаа само празните соништа без трошка надеж, и во твоите очи останав вечен заљубеник во невозможното.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Дали ги сакаш трагедииите и се што срцето го крши?
Дали ти поминувам некогаш низ глава?
Дали ќе има крај?
Се изморив.
Болиш.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Priroden

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
That's it baby.. zaribav ..
Не можам да одолеам на усните.. А прегратката, онаа најсилна гушка .. Охх . (inlove)
Те сакам суртук еден!
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Вечните не разговараат, ќе ме препознаеш во тишината на деновите пред тебе, ќе ти го објаснам тоа после полноќта последна допрена:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Lady*