Не постои личност која ме менува и влијае врз мене повеќе од ти. Понекогаш на подобро, понекогаш на полошо. Понекогаш успеваш да ми покажеш колку е убав животот и колку е најпрекрасно да сакаш и да си сакан, а понекогаш ме тераш да ја изгубам целата верба во човештвото општо, бидејќи на моменти ме тераш да мислам дека дури ни ти, личноста која ми значи се на светов, не се грижи за мене ни приближно толку колку што сака да мислам. Понекогаш ме тераш да застанам на сред улица и да се раздерам на цел глас колку најмногу те сакам, а понекогаш ме тераш да застанам на милиметри од твоето лице и да се раздерам на цел глас колку воошто не ме заслужуваш. Понекогаш правиш да се осеќам најсакано и најрадосно на светов, а понекогаш ме разочаруваш до степен каде што не те препознавам. Понекогаш знам дека сум ти најважна личност во животот, а понекогаш мислам дека сум ти најголем непријател. Понекогаш верувам дека би сторил се за да ме задоволиш мене и само мене, а понекогаш сум цврсто убедена дека сметаш дека најважно ти е да ти биде убаво тебе и само тебе. Понекогаш не сакам да се одделам ни на само една минута од тебе, а понекогаш не можа да издржам да те слушам ни секунда. Понекогаш ме нервираш најмногу на се што постои, понекогаш ме повредуваш, понекогаш ме разочаруваш како што никој друг ме нема разочарано, понекогаш ме фрустрираш, понекогаш ме контролираш, понекогаш ме манипулираш, понекогаш ме тераш да се запрашам дали ја заслужуваш мојата љубов. Но, секогаш занм едно нешто, а тоа е дека ништо и никој во мојов живот не сакам повеќе од тебе. Ти си ми најважното нешто во овој универзум и кога понекогаш ме тераш да се запрашам во реалноста на твојата љубов, се потсетувам дека колку и да е силна бурата и колку и да те тера да се откажеш, таа ќе пројде и кога се ќе биде повторно мирно и спокојно, кристално јасно ќе го видам одговорот, а тој е дека јас и ти сме судени заедно да се бориме во најтешките периоди и заедно да уживаме во најспокојните моменти.