Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Пoштo не ме бивa тaкa пoетичнo дa се изрaзувaм...

Мaгaре еднo. Не си ни блиску кoлку штo се зaмислувaш декa си. Спушти си јa тaa глaвaтa штo си јa вивнaл три метри вo небoтo, мoже тaкa ќе видиш декa фaрмерките ти се три брoјa пoмaли и ти се пикнaле вo гaзoт. Не те мрaзaт луѓетo зoштo си нaд нив негo зoштo си мисир. Сaмoбендисaн, aлчен и зaвидлив мисир. И тoa тoпуците штo си ги купил oд тoп шoп не си ги купил зa пoрелaксирaн oд, негo зoштo сaкaш дa бидеш пoвисoк Тoм Круз еден. Сoбери си ги тoпуците и тoa душaтa мувлoсaнa, извaди си ги фaрмерките oд гaзoт и врaти си се нaзaд вo штaлaтa oд кoјa штo си избегaл.
 

shadow

Староседелец
12 декември 2013
21
36
1,013
Стана ми сеедно веќе, можеш да правиш ама баш шо сакаш... Од толко удари шо ги осетих од тебе , веќе не осеќам ништо ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
:) Има една реченица што ја употребуваат сите тинејџери... „Зошто кога пијам, мислам на тебе?“
Јас ќе направам малку замена на зборовите и ќе прашам, Зошто кога живеам мислам на тебе?
Девојко... целиот свет ми го стави наопаку... Но, не си ти виновна. Виновен е тој што те создал...таква, цела, перфектна...
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Кога барем еден би ме сакал колку што заслужувам, тогаш не би ми требале сите овие останати!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and Ghtalpo

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ова не е мое љубовно исповедување, ама сакам да кажам дека сакам да скокнам во времето кога @Lena ќе биде со мажот за кого читаме тука скоро секој ден. Тоа ќе биде убав ден за сите нас кои ја следиме твојата приказна. ;)

На сите тука истото го посакувам (inlove)
Mood: emotional.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Незнам ни што сакам да ти кажам, незнам ни што мислам себе да си кажам...но едно знам-фалиш, секој ден се повеќе и повеќе, и колку времето минува на моменти се прашувам дали јаве или сон беше...беше.И незнам дали живеам полесно сега или пред да се појавиш, дали беше илузија или реалност...се е измешано. Се обидувам да се сетам и само трпки поминуваат низ мене и трепет од студенило кое времето го донесе...