Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Твојата појава ми ја милува душата..Ме смирува.Ме храбри за понатака.Понекогаш,во сиот стрес на работа,сакам само да те гушнам,ете така неочекувано..без да морам да ти кажам било каков збор.Без причина.Тоа го сакам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Време е љубов.
Да ги отворам картите и да играм отворено.
Подобро така отколку да глумам арогантна незаинтересирана девојка пред тебе,нешто што не сум..
Па нека биде што ќе биде.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Те нема. Се' беше многу бρзо. Бρзо те запознав. Бρзо се заљубив. Бρзо ме повρеди. Само едно не беше бρзо. Забоρавањето. Ти го чувствувам отсуството и ме паρализиρа. Душава ми миρиса на тебе. Сеκаде те има, а те нема.
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Не знаеш колку многу ми недостигаш, како секоја вечер копнеам по тебе, како се би дала само да си покрај мене, но те нема.......боли многу боли, иако тоа нема да ти го кажам.....бакнувам друг, друг ме држи за рака, друг ме сака, но јас не ја заслужувам неговата љубов бидејќи само тебе те барам, душава ми плачи...те сакам....
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
За почеток:
Како сте денеска?
Всушност...рече тивко како да размислуваш во себе како си..
Всушност многу добро!..одговори и ме погледна насмевнато.
Тоа е прекрасно!..одговорив.
Сакав повеќе да кажам,но како и секогаш ми снема зборови.
Те пратев пред себе додека го вадеше кафето од кафе автоматот.
Приметив дека имаш понекое седо влакно во косата.Приметив дека размислуваш пред да кажеш нешто.
Приметив дека...сакам да го поминам животот со тебе.
Приметив..дека си човекот на моите соништа.
Приметив како ги дигаш веѓите кога ќе ме видиш..
Приметив,дека моето присуство те прави сосем нервозен и ти снемува зборови.
Приметив дека сакам да ти се приближам по секоја цена.
Го зема кафето и отиде.
Јас..се насмевнав.
 
Последна промена:

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Одамна не сум пишувал тука ^_^
Миличка. Најмиличка моја. Секој ден ми го разбувавуваш. Многу, многу е убаво кога правиш така :sreken.
Знам дека на почеток дали по 2 - 3 минути дневно се слушавме, а сега ? Сега сме најмалку 2 - 3 саати дневно на телефон :D. Ама ако. Твојот глас прави се да е поубаво. Твојата љубов уште повеќе. Душичка мала, мала и мила си ти :sreken.
Те љубам ангелче, секој ден да ми почнува со твојот глас, е нешто најубаво (hug).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha