Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Црвени образи на комлимент??
Збунетост??
Не го очекував тоа од тебе.Не очекуваше ни ти дека ќе отворам уста,нели??
Колку смешно изгледаше во прегратките на мојата колешка која изгледа како биг мама.
Јасно ми е дека го чувствуваш истото што и јас за тебе.Несигурен си,не знаеш како..се плашиш да не те издадат сите оние реакции на телото..знам.

Те сонував синојќа.И вечерта пред тоа.Некаков омен си ми,некој знак кој ме води низ денот.Добар знак.Секогаш ми се случуваат убави работи кога ме посетуваш во сништата...
Мхм...внатрешна насмевка се прелева во градиве кога мислам на моментите со тебе..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and Mnogo Bitno

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
@Lena убаво кажано ептен ,а да пробаш во живо ова да го споделиш со некој многу поубаво ќе звучи, незнам дали знаеш едно време имаше може уште има на радио сабајле имаше термин кај 2 и читаше вакви убави мисли ,се вика Марин Бабиќ !? ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaraFighter and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
@Lena убаво кажано ептен ,а да пробаш во живо ова да го споделиш со некој многу поубаво ќе звучи, незнам дали знаеш едно време имаше може уште има на радио сабајле имаше термин кај 2 и читаше вакви убави мисли ,се вика Марин Бабиќ !? ;)
Хехе не би ги споделувала јавно овие нешта.Можеби ќе се избламирам некогаш и ќе му кажам што уствари чувствувам за него,ако соберам храброст да го претворам сонот во реалност.
Who knows..
Фала на убавите зборови :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaraFighter and Mnogo Bitno

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Навистина.Што би рекол кога се ова напишано би ти го плеснала во лице?
Кога би излила се што е во мене пред тебе,кога би ти ги тупнала сите чувства,мисли,соништа во раце и на крајот би рекла..
Јас сум само една девојка кои стои пред едно момче и го моли да ја сака?
Како во позната сцена со Јулија Робертс и Хју Грант?
Што тогаш?
Што ќе изгубам?
Ништо.Би можела само да победам.Но,знаеш се плашам дека ќе си ја скршам илузијата.Ќе си го уништам копнежот,ако ја дознаам вистината...
Се плашам дека ќе ми кажеш дека си среќен и имаш некого кого сакаш..Се плашам дека сето тоа ќе ме скрши,па ќе се собирам повторно правејќи мозаик од делчињата..

Денеска додека ги пишував извештаите те слушав како зборуваш во позадината..Твојот глас ми ја милуваше душава како тоа да беше најубава мелодија која сум ја слушнала во животов.
Не виде..за миг ги затворив очите и чувствував..ги чувствував допирите на твојот глас по ѕидовите на мојата душа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaraFighter and Mnogo Bitno

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Можам да се залажувам колку сакам и да велам дека не те сакам и да се убедувам себеси во тоа, вистината е дека секогаш кога одам на спиење во мислите си ми само ти. Ти си последното нешто на кое мислам, првото нешто со кое се будам. Се прашувам како е да се допрат тие примамливи усни, таа нежна кожа и таа долга коса која мислиш плаче и моли да ги ставам своите раце во неа. Да те бакнувам бескрајно макар за последен пат. Зарем не гледаш дека самото тоа што ми се обраќаш ме тера да се насмеам? Штом ми се доближиш твојот мирис ме води во рајот. Кога сум со тебе чувствувам дека целиот живот ми излегува од контрола, а мразам кога губам контрола. По ѓаволите, зар до толку си слепа па не гледаш дека се палам дури и на твојот глас? Како е можно едно суштество да е толку совршено? Како е можно да не гледаш колку сум жеден за тебе? Што живот е ова моето ако не сум со тебе? Дали некогаш ќе бидам среќен?
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
@Lena која е смислата на сето ова кажано овде кога не постои желба да се каже јавно,може не во ваква форма али приближно ,али ок предпоставувам зошто ;)!
Мислам дека мн работи не знаеш :) ,не ме свакај погрешно морам тука да пишам,има многу што да се појасни што мислам дека грешиш малце ;)
 
Последна промена:

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Ја чувствував својата ладноκρвност и знаев деκа тоа те оделечува, ама веρојатно пρемногу се плашев.
Саκав да ми поκажеш, да ми дадеш баρ еден знаκ да се боρам.
Се плашев κога чувствував деκа се заљубувам.
Саκав само да можев да стиснам стоп.
Саκав да ми ја пρепознаеш љубовта во очите, дуρи и κога моите постапκи велеа дρуго.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Слушни ја тишината. Молчи и слушај. По стисокот на усните , во зениците, во аголот на очите ќе видиш се. Не прашувај, не плачи. Не мисли ,не ми го лови погледот залутан. Не се обидувај да најдеш одговори на ниту едно прашање.Не е потребно. Немо гушни ме. Вплети ги прстите во мојата коса, почувствувај ја мојата воздишка.Кожата пече на секој твој допир. Разумот не царува овде, знаеш. Сонот одамна е изгубен. Љубовта е мисловна именка. Ме препознаваш ли? Се сеќаваш ли ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

lina.l

Истакнат Член
24 февруари 2015
16
18
303
Те лажам тебе, ги лажам сите околу мене или се лажам и себеси. Не те заборавив, никогаш нема да те заборавам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno