Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Заради тебе љубов.
Заради тебе сакав да бидам најдобрата.За тебе сакав да дадам максимално се од себе,за да видиш дека во мене се кријат многу нешта.
Заради тебе љубов,
сакав да бидам на прво место..најдобрата во тимот.
Заради тебе љубов сонував дека еден ден ќе го водиме заедно тимот и ќе бидам мудар добар coach како што си ти...и сонот се остварува.
Еве денес ме прашаа дали сакам да бидам мотиватор..мислев дека сонувам...Се,сезаради тебе.Заради тебе се вратив во живот.
Ти благодарам човеку што ме натера да прескокнам преку своите сенки и стравови...ти благодарам што постоиш..што ми светиш како сончев зрак..што си ми најголемата инспирација во животов..
А ти сеуште не знаеш..ништо не знаеш.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
789
1,103
Пиши бриши сум со денови, сакам да ти кажам многу работи, да те прашам уште повеќе, но што? Седам секој проклет ден и се трупам со работа и обврски да не мислам на тебе, на крајот сум само изморена,а несоницата е пак тука, и ти си пак тука, на секој агол , во секоја честичка од воздухов те чувствувам. Како ли е можноо ?? Колку удари уште требаат ?? Зошто не те давам, оти сеуште има нешто што ми вели да вели да останам, да вложам се па макар и да изгубам?
 
  • Like
Реакции: Давор and violetmoon

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
сдк - сакам само тебе да те сакам...да те сакам топло, долго и нежно...да бидам среќна со тебе и нашата љубов да трае вечно, најмил мој... :*
 
  • Like
Реакции: JaMi, Mameha and Давор

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Каде си?
Да ти се пофалам..ќе прочиташ во очиве без да ти кажам.
Само ти го можеш тоа,да ме читаш без да проговорам..
Каде си?
Се надевам добро си.
 
  • Like
Реакции: cakar_ulav

Doreah

Староседелец
14 јули 2013
14
38
1,013
27
Убаво ми е со тебе. Прекрасно. Поразличен си од сите со кои сум била досега. Може да се рече дури и дека не си мој тип. Ама тоа е убавината на ова нашево, како и да се вика. После толку долга врска, не ми требаше реприза, копија на бившиот. Уствари не ми требаше ни ти. Не сум особа што бара некој нов за да го заборави претходниот. Но ете, се појави. Можеби во лош момент, ама се појави и веќе скоро два месеци делиме преубави моменти.
Не, не сум заљубена во тебе. Љубовта не беше дел од планот уште од сам почеток. И можеби поубаво е да остане така. Бар уште некое време. Мислам дека чувствата само би го расипале ова што го имаме.
А сепак, жена сум. Ми пречи што сме „недефинирани“. Не сме во врска. Не сме ни само другари. Не сме ни само фак бадис. Туку од се' по малку. Од една страна, убаво ми е што за промена сум со ваков статус. Од друга пак, осеќам потреба да се залепи етикета на ова. Да дефинираме било каков статус, ама да не се смени ништо во односите меѓу нас. Се' да остане како што беше досега. И кога би ти го кажала ова, би се мразела себеси пошто ти вршам притисок на некој начин. Знам дека и ти уште си несигурен, како и јас. Затоа си молчам. А сепак, се мразам себеси што не знам да уживам во моментот без да размислувам за иднината. Се мразам и затоа што толку тешко ми е да го кријам ова од другите. Те мразам и тебе затоа што прифати да бидеме во тајност, бар некое време. А се' уште мислам дека со оглед на околностите, тоа беше најпаметна одлука во моментот. Ама ете, го мразам тоа.
Не знам што сакам.
Луда сум.
А ти сепак ме трпиш.
Фала ти.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Љубов..
Твоја беше тоа мисла денеска или моја?
Сеедно сум ти нели?
Во ред е,не ми е потребна твојата потврда и дозвола да те сакам.
Те сакам..
Се во мене вришти по тебе...па шепоти..па го довикува твоето име..
А јас сум ти сеедно.
Не чекам,не се надевам на ништо.Не очекувам ништо од тебе.Ни збор,ни гест,ни дело..Ништо не очекувам.
Но те сонувам.Те љубам со сето свое битие.Само разумов ме држи приземјена.Да не се изгубам во тебе и тие соништа со тебе.
Колку повеќе сакам да полетам кон тебе,толку повеќе се приземјувам.Гледам дека си крадец.Ми ја крадеш реалноста која толку ја сакам.
И сеедно ми е,дали нешто ти значам.Сеедно ми е дали постојам како што ти постоиш во мојот живот...И те љубам...така..чисто..едноставно...без објаснување.
 
  • Like
Реакции: MoonFairy and Doreah

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Зошто секогаш кога мислам дека успеав да живеам без да те спомнувам како бумеранг се враќаш? За да ме потсетиш дека јас сум осуден да мислам на тебе додека сум жив?
 

lina.l

Истакнат Член
24 февруари 2015
16
18
303
Боли секоја капка дожд што ме допира, зашто еднаш во еден дождлив ден твојата насмевка ми го разведри срцето, а јас сеуште не можам да ја заборавам. Спомени.....како човек да се избори со нив?
 
  • Like
Реакции: Марија

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Сакав да бидам на местото на тоа девојчето што седеше до тебе,да учам од тебе,не бев љубоморна..и завидував..Цели 3 саати ја имаше можноста са седи до тебе...Сакав да го слушам твојот глас,да гледам како усните ги оформуваат зборовите кои ги изговараш,да ги пратам твоите движења и гести..
 
  • Like
Реакции: Давор