Време. Само тоа е одговорот на секое прашање, само тоа е лекот, само таму се крие заборавот. Велaт само тоа ги има одговорите на секое прашање, и само тоа може да не спаси од се.
Секоја рана, секоја лузна.. секој јад само тоа може да ја избрише. Но никој не знае каде е, што е, никој не знае колку..никој не знае каде почнува и каде завршува.
Колку треба да се испие од тој лек за да почне да дејствува.
Секое утро се будам со таа помисла дека треба да помине време да заборавам. И еве.. минуваат денови, минуваат недели, месеци... а како да било вчера.
Тоа време скапо ме кошта, ме кошта солзи, ме кошта разочарувања, ме кошта надеж која полека тони во таа тага која ја чувствувам. Тоа минува.. ама љубовта не.