Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Tвоето вино струи низ вениве ноќва и ќе ме однесе во сонот во кој не има,и знам,ќе посакам да не се разбудам никогаш,посакувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio and Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Само кога би знаел што чувствувам за тебе..
Едноставно..Сакам секоја минута од остатокот на мојот живот да ја поминам со тебе.
После тој "случаен допир" ми се појави желбата да те допирам.Да ги исплеткам своите прсти во твоите..Да ме допираш..
не сум почуствувала потреба досега некого да допрам,некако тоа беше апстрактен поим за мене..Сакам да си до мене засекогаш..
Сакам да ти дадам се од себе,сета моја љубов без да барам нешто за возврат,сакам да сакам повторно како никогаш да не сум била повредена..
Те сакам..
 
Последна промена:

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Болиш.. некаде длабоко под слоевите кај што те затрупав сеуште си тука, сеуште пецкаш, колку и да те трупам се подлабоко одиш. Како се враќаше од ова назад, по кој пат одев порано?
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Гледам како од твоите очи извираат молњи, а врз мене сраснуваат сончеви рози...
Вените ти станале замрзнати реки, додека низ нив чекорам јас со нозе крвави и боси..
Устата ти е зашиена со конец од молк, а јас како одсекаде да го слушам твојот глас..
Те барам во секој агол, во толпата од луѓе..
Дали ти навистина постоиш во реалноста или само во онаа реалност во која живеам јас??
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Твојот допир остави отпечаток на мојата кожа.
На мојата душа.
Ми даде потик за понатака. Твојот допир ми испиша на дланката писмо.
Во него пишува да бидам силна, да го поминам она што ме очекува.
Твојот допир...
Пијам чај и те оживувам во себе.Повторно и повторно.
Секој твој поглед и секој твој гест е оцртан во мене во секој еден предел на мојата душа.
Сиот свет е против мене и моите одлуки, само ти ме храбриш да продолжам.Да не престанувам.Без ниеден збор,само допир и безбројни погледи. Како е можно?
Дождот капе по олуците на покривите.Јас пијам чај и го чувствувам твојот допир.Повторно. И повторно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Ми ја пушти ρаκата κаκо ниκој пρед тоа.
Ме остави пρазна.
Ми ги зеде збоρовите.
Ми го зеде сρцето. Ме остави нема.
Ме κлеκна на κоленици и замина. Не остави ништо.
Ми ја пушти ρаκата κаκо ниκој пρед тоа.
Погледна еднаш низ мене и ниκогаш повеќе не се свρте назад.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and melpomena

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Знаев дека твоите ветувања се лажни, но го сакав начинот на кои звучеа.
Бев повеќе осамена отколку твоја, повеќе тажна отколку исполнета со искрени насмевки, но ги сакав оние моменти кога можев да те имам само за себе. Ги броев минутите и секундите во кои ти никогаш не дозволи целосно да ми се предадеш. Твоите кратки бакнежи исполнети со страв и немоќ, погледите кои избегнуваше да ми ги упатиш во очи бидејќи во нив криеше милион други за кои јас можев само да претпоставувам, понекогаш ме кршеа на пола.
Твојот чекор го слушав насекаде, иако толку ретко беше вистински.
Секогаш стоев на прагот за да ми се вратиш. И секогаш болката откорнуваше се` поголем дел од моето дело. Твојата појава ме уништуваше и повеќе не бев своја.
Јас живеев за тебе, а никогаш со тебе. Се изгубив себеси обидувајќи се да те добијам тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Постојано се разделуваме,си недостигаме еден на друг,понекогаш се расправаме,но љубовта меѓу нас не згаснува и нема да згасне.Но уште два и пол дена ќе бидеме разделени.После тие два и пол дена дури ни смртта нема да не раздели.