И наеднаш како светот да се превртува наопаку. Како се да почнува да губи боја.
Се е само време кое стои во место и како вртлог те заробува во спомените кои сеуште мирисаат на сегашност.
И насмевката боли, како оштрици да ти се зариваат на лицето секогаш кога ќе се обидеш лажно да ја провлечеш.
А во градите дуваат празни ветрови, го равлекуваат телото низ места каде мислејќи дека се крие заборавот.
Дланките не треперат веќе од возбуда,треперат од студ.. од самотија.
Во стомакот веќе бурата ги убила сите пеперутки, пролетта веќе одамна се преточила во крволочна зима.
И телото е само леш.. а душата е само празнина..
Таква е таа судбина на оној кој тагува..
На оној чие срце пресушило од солзи и станало пепел..
Затоа што човек без љубов, меѓу живите не се вбројува.