Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Има некоја магија во начинот на кој ме гледаш..
Како со погледот да продираш до сите оние скриени од светот катчиња во мене.Се чувствувам гола пред тебе.
Се сокривам,
се трудам да исчезнам во моментот,
внимателно следејќи те во која насока се движиш се додека те
снема во толпата...па повторно слободно дишам смируваќи го топотот на срцето предизвикан од твоите чекори..
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and SaraFighter

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Се повеќе и повеќе на себе си се лутам затоа што пред x години ти го скршив срцето. Наместо да ме отераш по ѓаволите, ти ми го честита роденденот, ја сподели мојата тага кога ми беше најтешко. Жал ми е, и се надевам еден ден ќе ти се извинам и ќе ми простиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не можам да заспијам..Низ глава по не знам кој пат како на риплеј,бакнежот кој можеби некогаш ќе следи..Ах несоница моја,ми ја рсзубавуваш ноќта па летам..летам до тебе и назад до себе.Се прашувам дали некој ти го чувствува здивот додека спиеш?
Топлината на твоето тело?
Отчукувањата на срцето?
Со кого го пиеш утринското кафе?
Постои ли некоја,која ужива додека и ги раскажуваш своите идеи?
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
“-Те сакав.-изговори со нежен шепот,поттикнат од грлото накитено со путересто-бисерна огрлица.
-Ете како една согласка може да уништи нечија надеж. Тоа “в” на крајот во душава влета ко оловно зрно.
-“Те сакав” е комплимент. Но “те сакам” е лудост.-борејќи се со здивот што од изговореното и надоаѓаше и се губеше,успеа во намереното. “Прашај паталец,а не гаталец”-си се насмевна,иако насмевката ја згрчи моменталната тага.”
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Твојот поглед ми кажува се премногу е добар и препознатлив како онај поглед......... некогаш стариот нашиот .Не мораме ништо да си кажеме еден на друг очите кажуваат се.Биди ми најсреќен се надевам нема да ме заборавиш а јас тебе НИКОГАШ! ТЕ САКАВ :(
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Во мисливе си вечерва,силно те чувствувам уживајќи во дождов кој не престанува да те буди во мене..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Luckky

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Вечерва...мириса на дожд...студени капки, разиграни по асфалтот....и' вратија убава меморија...капките дожд непрекинато одигруваа преубава мелодија....двајца прегрнати во топлиот кревет....посакаа времето да им застане, да го паметат секој допир, миг кој го имаа во таа секунда...секунда која се броеше се побрзо и побрзо...зошто секој убав миг кратко трае?? Зар има ли стоп за времето?? Нема....уживај додека можеш....уживам....секој миг со тебе....лицето и беше погалено од студените разиграни капки дожд....знаеше каде оди по тоа невреме, не ја спречуваше ништо...вечерва веќе не мириса на дожд...
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Никогаш нема да ги искачиме планините кои ги искачувавме, ниту очите исто ќе плачат ниту насмевката ќе биде доволно широка .
Но сонцето исто ќе сјае за обајцата и ќе ни ги милува образите кои ќе се браздат од времето. Ќе застанеме пред огледалото и ќе се чудиме на одразот кој си го гледаме каков странец и каква карикатура направил животот од нас. А спомените ќе ни ги заголицкаат непцата мило за да не насмеат шкрто дека сепак живеевме и бевме љубов на чуден невозможен начин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
I think she’s more than you bargained for, but I think when the world gives you more than you bargained for, you usually end up glad you got it.
 

-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
49
318
32
...одамна не се иам вљубено у некој, време ми е. Но нема добри мужи сега што би ја заслужиле мојата доверба. |-( Понекогаш се чувствувам премногу осамено, тоа се оние ноќи кога плачам во себе и кога никој не ме гледа, кога ми е потребно да чујам едно вистинско те сакам и обратно. Но тој збор „те сакам“, во денешно време се повеќе се злоставува. А, љубовта од поодамна е изумрена.