Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Златно девојче, зошто мораше да се офарбаш и да ми ја уништиш имагинацијата? Зоштооооо?! :mad:
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Печат ли овие солзи што капат во очите твои ноќва.. кога само плачот е говор на мојата самотија.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Лесно е кога ќе се заљубиш, почнуваат сите летачки објекти околу тебе да живеат, 7мо небо веќе одамна си го поминал. Тешко е кога ќе сватиш дека не е пролазно. Гледав еден филм, во него имаше квота: Има три вида на љубов, првата е онаа пролазна затресканост поминува за месец два. Втората е голема љубов, со бумбари и пчелки поминува за година две. Третата е вистинска. Е таа брате, рине се живо и диво. Таа има да те сврти и макар и да те гази нема да ти е доста, ој одсакај ја да те видам.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се сретнавме на раскрсницата со сиви улици..
Јас излегував од дупката,ти паѓаше..Ми подаде рака и ми помогна да излезам,не знаејќи дека и ти ќе паднеш...
И ме гледаше таква ранета не знаејќи како да ми помогнеш..сакаше да ми ги залечиш раните не ти дозволив да ми пријадеш,моја борба беше тоа..
И чекор по чекор ме следеше,ме пратеше како ѕвезда низ ллавиринтите на дупката..
И згасна мојата ѕвезда водилка..Сосем.
Нова се роди..
........
Те гледам како се давиш во дупката..ја пратам борбата која ја водиш и ти го светлам патот..
Сакам да ти пријдам,да ти подадам рака но не дозволуваш..
Пушти ме да ти помогнам го знам патот...
Сакав да отидам,да те заборавам да оставам се зад себе,но сега не можам..
Ќе ти го светлам патот како ти мене пред некое време..
Ќе чекам да заврши борбата за да може да ти го закачам орденот на градите.Знам,знам дека ќе победиш..
Биди силен и издржи..Ќе помине..
Со тебе сум,покрај тебе сум..па макар постанал и најголем клошар,макар постанал и најголем лудак,макар бил и просјак и отпадник мразен од сите...
Ќе те пратам и ќе светлам се пред тебе додека не победиш..а тогаш..
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and BlackTulip

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Сакам некому нешто да му кажам убаво. И незнам кому. Сакам да кажам -те сакам...Сакам да замислам лик, да му дадам име, да му дадам облик. Ги затворам очите и никој не излегува пред нив.
Сакам да замислам предмет и да кажам ми треба , сакам да го имам за себе, ни предмет не постои .
Сакам да посакам нешто...нема ни посакување.
Ајт у ПМ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and JaMi

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
I am not here to entertain you
I am not here to fix you
I am not hear to rescue, heal or revive you
I am not here to be talked at
I am not here to give you all my energy
I am not here to make your story my own
I am not here to just listen
I am not here to make you whole
I am not here to make you happy
I am not here to make it all dissipate
I am not here to distract you from the tedious and mundane
I am not here to mask your sadness and feed your insecure heart
I am not here to hold your hand
I am not here to be a band aid
I am not here to give you all of me

I am here to love you strongly
I am here to love you equally
I am here to be an addition to the joy you already have
I am here to rest in, but not collapse into
I am here to support you, hear you, see you
I am here to make love to you
I am here to love you sweetly and gently and ferociously
I am here to make stories with you
I am here to challenge you
I am here to grow beside you

Чисто онака коа инспирацијата да сакаш некого ти е на апсолутна нула и се осеќаш ко отпадок на општеството.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio, Lena and Luckky

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Вака некако тера песната што си ја слушам веќе неколку месеци:
Ветив да те љубам во бескрајноста,
така и беше, не се сомневав ни миг.
Универзумот имаше поинакви планови,
те повредив и не бев свесен за тоа...
Прости...
што се отпуштив од тебе,
што не те бранев кога требаше,
...која глупост, да те изгубам - за да сфатам.
Не очекувам ни љубов ни омраза,
доволна е болкава.
Ја проколнувам епизодата од животот,
не плачи - јас ја напишав.
Заминувам...
Ме чекаат демоните,
што ги остави твојот заборав,
и кои си играат со мене...
Знам... кукавички е да се признае сето ова,
само преку песна....
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
СДК Ми фалиш да се изнаплачам, да се изнацмиздрам без да се вознемириш од мојава тага. И не можам да плачам, а толку многу ми е потребно сега тоа, Ми треба да ја потпрам главата на тебе, да се измрсулавам и баш да ми е гајле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф and Luckky

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не можам да те гледам таков..тоа не си ти,тоа е твојата сенка..Немој не се давај..Ќе помине.
Колку сакам да ти помогнам..
Не сум те видела никогаш во ова издание.Зарасната брада,неисчешлана коса сосем изгубен..толку мал..толку невидлив..
Каде е самодовербата?
Каде е онаа твоја гордост на која толку и се восхитував?
Ова не си ти..во тебе го гледам она што го сакам и она што не го сакам,претставуваш целина на сите мои желби и аверзии,
нешто несовршено под кое се крие чистина..Како неизраборен дијамант..
Верувам во тебе.Знам дека ќе успееш..знам дека....
 
Последна промена: