И како цел свет да се сврти,како цела приказна да почнав да ја читам од почеток пак бевме истите ние јас и тој.Само разликата беше во тоа што беше Декември а не Мај.Разликата беше што се се случуваше една година подоцна.Разликата беше што јас ги затрупав емоциите некаде длабоко во мене и давав отпор на секое ново чуство кое ми го иницираше вечерта.Како да му кажев,дека се плашев да му кажам колку го сакам?Како да му кажев дека имав некоја своја приказна во главата за тоа колку ме сакал?Јас и тој во мојата глава живеевме во еден посебен свет,тоа за мене беше една посебна приказна и тоа ми беше доволно,спомените ми го зедоа данокот од срцето кое патеше по него...А се толку цврссто чував во мене..И потоа си замина.Кратко траеше но доволно за се да се врати назад.А јас конечно престанав да глумам ладна,конечно можев да покажам како ми беше во негова близина и како сите слики ми се вратија како флешови.Како да не поминало една година како да било вчера.И повторно оние струи во стомакот и и кристално плави очи со широка насмевка и една реченица:
‘‘Вечерва никогаш нема да ја заборавам‘‘
‘‘Вечерва никогаш нема да ја заборавам‘‘