Кога ти кажав дека не верувам во љубов, навистина го мислев тоа. Ти благодарам што ме прифати таква каква што сум. Не дека и предходно не знаеше каква сум. Ти благодарам што си дел од мојот живот, што ќе бидеш тука и до крајот. Ти благодарам што тој ден ме бакна онака изненадно, и без прашање, зошто да беше поинаку можеби денес немаше да бидеме она што сме...Немаше да ја испланираме нашата иднина заедно. И можеби се уште немаше да верувам во љубов..Уствари ај да не философирам...знаеш каква сум кога ќе почнам.