Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
На полноќ дојде во моите соништа и те љубев во нив со истата жар со која те љубам во реалноста и само за миг утрово се запрашав дали се будам со денот или заспивам во него,и сеедно,бев среќна што те имав.
 
Последна промена:

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Замина, м? Ме прегрна, бакна, ми го стопли срцето, ми прошепоти криласти зборови, па замина.
Добра тактика.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
При секое нејзино пишување почувствувам потреба некаде да го искажам нештото што ме мачи во себе си, и веројатно ми е првпат на форумов да пишам нешто во Љубов и секс, чудно ми е.

Со девојката комуницираме седум години и во тие седум години, си споделува(в)ме сите среќни, тажни, смешни и глупи моменти. Личност која најмногу ми одговараше од сите досега што сум ги запознал, а изгледа и неа. По нејзина иницијатива, јас ја усрав работата и колку повеќе се "расонувам" од пубертетот се повеќе ме фаќа грижа на совест зошто и направив така, се надевам дека заборавила на тоа. Се чувствувам како кретеноидно анти-човечко суштество заробено во човечко тело. Ама секогаш кога ќе прочитам позитивни работи околу неа ме радуваат и и посакувам се најдобро во животот.

И се каам што ја изгубив на некој начин.

И то.
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мислам дека секогаш завршувам овде кога во мене копнежот постанува неиздржлив.Најверојатно некој филтер кој ми овозможува да го исфрлам од себе она што притиска да излезе..
Го замислувам сето тоа како две раце кои ја туркаат железната порта со сета сила..Нагоре..
Не во вертикала..Буткаат да ги ослободат емоциите кон тебе кои толку ги сокривам,ги затишувам,ги контролирам..Се обидувам да ги претаботам,се обидувам да размислувам..разумно..
Да го опаметам срцето да не збеснува..
И замисли успевам..
Се додека те нема сум мирна..
Од време на време ќе ми прелеташ низ глава како улична прашина подигната од ветрот..За миг и ќе се изгубиш.
И тогаш се убедувам себе дека ете не е тоа тоа.Дека си навистина само илузија и дека моите емоции сум ги извајала самата со своите мисли..Го живеам животот не поставувајќи многу прашања..секој ден по налик ист.
И ете те..Ете те..
Изникнуваш како печурка по дождот и носиш неред повторно со себе.
Секунда е доволна,да постанам несигурна во моите одлуки..
Како успеваш??
Како успеваш да ме разнишаш на тој начин?
Да ми го одземеш тлото под нозете?
Мора ли да биде?
Морам ли да се соочам со тоа од што бегам?
Со тебе?Со себе?
Не се враќај никогаш..Дај ми време..Потребно ми е..
А рацете неуморно ја туркаат железната порта и чекаат да се отвори..
image.jpg
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: HAZARDER and Prashina

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ме допре каде што не бев допрена од никого претходно,допир силен и длабок како првиот,тој посебен што растреперува,а нам многу добро познат.
Тој допир и ти во мене сте за навек и времето ја нема таа моќ да ве избрише ниту избледи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Achernar

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
мило ми е што расчистивме некои работи ...знам дека и јас не бев на јасно и зошто реагирам како што реагирам на некои работи, (и уште не ми е), ама со тебе сега се ми е јасно :) :*
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Те нема. Оваа ладна и влажна земја те крие од мене. Блузот на радио ме потсетува на ноќите во Стерна. Колку ноќи,прилепени еден до друг, неброени.
Не требаше да одиш. Мораше ли? Помисли ли како и што потоа?Зошто?
Ти од боговите беше посилен.
Недостасуваш. Побудалувачки боли твоето неприсуство. Само погледот и допирот со врвовите на прстите можеа да ме стресат како струја.
Можам и црната земја со раце да ја прекопам за да те допрам. Лудо е, знам.
Солзите река ќе протечат. Уште те барам позади некој агол по улиците. Слонче, каде ли твојата душа шета?
Мојава лебдее, ниту на земјава , ниту на небово. Дојди ми на сон, те молам.Заспиј ме, не можам без тебе.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Каква е моќта на љубовта,
каква е таа сила која ме тера се да превртам се наопаку?
И ајде доста ти е.Појави се веќе еднаш.
Цели 3 месеци те нема.Знам да чекам,трпелива сум..но полека недостигаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: HAZARDER