Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ноќва ако посакаш ќе ме пронајдеш каде и да погледнат твоите очи и во мислите ќе ги пресликаш во моите.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Прости што очите истекуваат и душата што љуби .Знам дека не треба, не смее да се движам еднонасочно.
Не ми замерај што те чувствувам преблизу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Leiii

Loyal

Нов член
6 октомври 2014
16
6
3
32
Ти благодарам што ми олесни, и што ми даде поголема причина да ти го свртам грбот.
Готово е, тука ни беше крајот. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет...
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Зошто не ме разбираш кога ти објаснувам дека за тебе сум како отворена книга додека ти за мене си забранет ракопис? Секој мој поглед, насмевка и скриени солзи под очни капаци ти објаснуваат колку сум те прифатила со сите твои маани. Не сфаќаш ни дека секоја тежина што ја чувствуваш ти, мене ми создава грутка во грлото и модри подочници. Очите ми се крвави кога гледаат во твоите тага. Да можеш да погледнеш во душава, ќе се пеплосаш. Не од огнот кој гори во неа, туку од копнежот што го тутка во себе зошто не може да спитоми. Како да ти објаснам колку ти посакувам мир во душата кога немиров во мене ми ги пара со наострен нож мисливе? Ах, те сфаќам, ама не те разбирам. Сакам да знам што ти ја растреперува душата, што ти го разигрува срцето, каде ти тонат соновите...Не, не барам да ми ги напуштиш мисливе иако главата си ја чувствувам потешка со тебе ден и ноќ во неа. Срцево ми чука неправилно. Не ми ги напуштај мисливе зошто без тебе во нив само пустош ќе остане. Ќе стивнат сите гласови, а од тишината ме плаши Дозволи ми само да ти објаснам колку јас те разбирам, те познавам. Те знам. Те знам. Те знам. Ќе умрам што не сакаш и ти мене, А јас те знам. ТАКОв те сакам. Тебе.


Ова си го најдов напишано од минатата година, на 12.11 ....и да уште го мислам истото
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Leiii and violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Tвојот лик и твојата насмевка топлат ко илјада огнови оваа полноќ есенска носејќи мир,убавина бескрајна секогаш посакувана..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: belabelina and Achernar

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Викаат човекот се раѓа два пати: еднаш како природно суштество во природата и еднаш како културно во јазикот.
Не е точно... јас се раѓам одново со секој твој допир.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and violetmoon