Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Уф од кај да почнам да ти кажувам?! Уште истите дилеми...не, сега трилеми ...Ништо не знам повеќе, и ти си изгубен случај како мене.Не знам дали ти го повредив егото вчера или јас си имам направено филм дека сакаше нешто со мене.Можеби затоа ми е најтешко со тебе никогаш не сум на јасно. Tи си од оние што не само што манипулираат со другите, туку и со себе. А јас...тврдоглава, инает, со глават директно в ѕид...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Сакам да имаме мир и слога.
Сакам да има повеќе разбирање помеѓу нас.
Сакам да си ги исполнуваме желбите.
Сакам да имаме опуштен живот, па макар и монотон да е.
Сакам заедно да идеме на изложби, претстави, концерти, и сл.
Сакам да се дружиме заедно со сите наши пријатели без никакви драми и компликации.
Сакам заедно да пратиме две-три серии и секоја недела заедно да си ги гледаме новите епизоди.
Сакам да имаме куче кое заедно ќе си го шетаме.
Сакам да уживаме во меѓусебното присуство, а сепак да не правиме ништо заедно.
Сакам да кажам дека ТЕ САКАМ.
ТЕ САКАМ и сакам тоа да го разбереш.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Што ми значи оваа κаρиρана κошула на мене κога се во мене е тρκалезно, а што ти значи тоа во мене κога не е сρцевидно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Тоа неприпаѓање никому, ниту на себе си, ме носи во провалии од каде нагоре е високо, а надоле многу длабоко. Тоа чувство на безизлез го носам и тогаш кога има излез, кога има врата , јас лупам на ѕидот во кој никој не направил дупка пред мене.
Закопај ме повеќе од тие два метра кои секому следуваат, понеси ме како пепел и прашина некаде каде сонот е јаве , а јавето само желба. Само на миг да почувствувам дека нечија сум, па макар и прашина на која ќе напишеш љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and violetmoon

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Се иритирам кога ќе прочитам вакви недоделкани размислувања и се прашувам што те прави тебе попаметен и покултурен од тие што ти нанесуваат штета ? Навредувајќи луѓе што живеат во село? Навредувајќи ги нив по форуми? Баш сте на исто интелектуално ниво... Жал ми е што сеуште постојат млади луѓе со вакви плитки размислувања, жално.
Сега го прочитав ова. Иако не е овде местото за да споделам мислење, ајде нека биди. Мислам дека е подобро како мене некој да се истуши и да навреди некого, отколку да превземи некои посоодветни мерки. Веројатно не си ја сватила/сватил мојата поента, па така да ако сакате понатамошни објаснувања во ПП ке биде подобро. За моето интелектуално ниво нема да разговарам, зошто ако вашето беше повисоко, немаше да се спуштите да коментирате, туку ке оставевте да го прочитаат само оние кои требаше да го прочитаат. Ви благодарам на разбирањето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaraFighter and Prashina

Loyal

Нов член
6 октомври 2014
16
6
3
32
Престани да глумиш дека се грижиш за мене. Сум била сакана и знам како е...

Не знам зошто продолжуваш да се измачуваш. ИДИОТУ
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaraFighter

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
.....Почнува да се случува она од кое секогаш се плашам: јас станувам параноична - ти се оддалечуваш, јас глумам лудило и се каам што те туркам од себе, ти веќе си оттурнат од мене...јас сакам да биде како порано во моментот кога сфаќам дека повеќе од ова не можеме да бидеме - ти....ти, веќе си се оддалечил од мене и повеќе н можеме да бидеме ни тоа што бевме на почеток...