Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Сакам да кажам.... (inlove)(inlove)(inlove)

When I met you, you were so unique
You had a little thing I'd love to keep
And every movement carried much mystique
I knew right then I'd carry on
To you I knew my heart belonged

You know you, you give me something
Something that nobody else can give
And my heart, started thumpin'
You know now, you're the one I truly know I dig

Like the sunbeams from a perfect summer day
Heaven only seems a step away
When I'm with you, I just celebrate
I'm hoping my message gets through
There's never been someone like you

I had nobody, but on you I lean
'Cause you got these little things that I
I know I've never seen

You know now, you, you give me something
Something that nobody else has got
And this love, that I've been wanting
Oh baby's turning out to be too fast to stop

You know now, you give me something
Something that nobody else can give
See my heart has started thumpin'
You know babe, you're the one I truly know I dig...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Веројатно мој последен пост за тебе.
Може и никогаш нема да ти текне да наминеш да прочиташ, може па и подобро ќе е така.
Само сакам да знаеш дека жалам за се’, за секој лош, замараторски, запотувачки, себичен и саможивнички впечаток што сум го оставила.
Многу добро знаеш дека ништо лошо што сум рекла, не сум го мислела. Но во ред си е. Добив т.е. изгубив што си барав.
Кратко е пишаново, оти тешко дури и се справувам со дишењето моментално. И мене не ми се верува дека дотолку ми влијае врз организмот, ама еmo bitch, тоа ти е.
Не детски, бебешки се однесувам и јас, но кога е доцна - доцна е. Не знам ни што зборови да изберам, не е ни битно, по секако не се оправа впечатокот.
Ти посакувам се’ најдобро понатака. Насмеј се на некоја смешна, глупава или убава меморија од време на време. Само немој никогаш да тагуваш, пекол е.
Барем го научив значењето на реченицава: How lucky I am to have known someone who was so hard to say goodbye to.
Те сакам.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Со време ќе се научиш да живееш со сѐ.
Со време, јас, ќе се научам да живеам со сѐ.
Со секој почеток и со секој крај. Цртичките помеѓу, со време, ќе престанат да болат. Ќе престанеш да ги делиш на прекрасни и на грди. Јас, ќе престанам да ги делам на прекрасни и на грди. Ќе бидат она што навистина се. Твои. Мои.
Со време, сѐ што ќе остане да одекнува, ќе биде само тивкото ехо, од една песна, некаде, некогаш испеана…
Со време, ќе ги засакаш и солзите. Јас… ќе ги засакам солзите…
Рече убава си, кога очите ти се насолзени…
Еден ден, повторно ќе бидам сосема обична…
Денес… сум прекрасна…
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
И што понатаму?
Да да, ме интересира што понатаму?
Доволно е веќе од умствените игри, уморна сум веќе од нив.
Не чувствувам повеќе ништо за тебе, а дали чувствував некогаш нешто, би сакала да верувам дека да.
Иако знам дека не смеев и не сакав ама.......
Не ми недостигаш повеќе, дури се поретко ми текнува на тебе.
И знаеш што, не ти припаѓам на тебе, не припаѓам на никого освен на себе си.
Време е за понатаму.
Обидувајќи се да задржам нешто што никогаш не ни било мое,се изгубив себе си.
А не го сакам тоа чувство на немоќност.
Знам дека заслужувам подобро и повеќе, и да колку и да изгледа смешно.
Ситуацијава веќе станува апрсурдна и патетична.
Нема што понатаму,едноставно тоа е тоа.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Се прашувам само како си дозволив ова да ми се случи.Се немаме видено веќе долго време и сеуште си ми во мислите,сеуште те сакам како привот ден.
Но,тебе те нема,ни да се јавиш,ни да пишиш...Те нема никаде.
Не требаше да си го дозволав ова,премногу ми влезе под кожа,премногу и затоа знај плаќам прескапо !!!
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Само да ти кажам, вчера ѕвонењето не беше по грешка.. Едноставно така сакав.. А мислам дека ми помина лагата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Има нешто меѓу нас.. некава хемија да не речам..... има нешто..:)
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Во исти град седиме, а се немаме месец дена видено, чудно ми е како сеуште опстојуваме:):):). Ајде конечно оваа недела, едвај чекам да те видам :p