Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Не знам што сакаш од мене. И јас не знам што сакам од тебе и до кога ќе те лажам дека не ми се буричка во стомак кога сум со тебе. Ти па, ти,толку несредени мисли ни јас немам. Аман бакни ме ај и да се разбереме што сакаме.
 

Glorija

Староседелец
11 ноември 2013
28
37
1,023
45
Сакам да ти кажам дека се знам , знам и зошто те нема, и зошто не креваш телефон , знам и зошто не ме пушташ да си одам. Но те молам не ме мачи, умирам секој миг, и не се прави дека се е во ред, и не ме убедувај дека само си замислувам, не ме лажи, грев е.
Те преколнувам не ја користи мојата слабост кон тебе, не ја валкај љубовта моја, оди си или пушти ме да ме снема.Вака не оди со лаги, не сум на копче ,сега те имам па те немам.Те молам...
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
јас сакам да ти кажам дека не знам кај терам. Некогаш сум убедена дека си се лажиме дека не се сакаме,некогаш па си велам дека можеби навистина не ме сакаш.ама па ако е така немаше да ме иткаш,да ми купуваш поклончиња итн..ах не знам што да мислам..
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Истите пеперутки,истата возбуда,истите бакнежи толку мили и нежни,истите сини очи во кои како огледало се отсликува мојот лик и се она што го чуствуваш за мене а немаш храброст да го признаеш пред мене.....исто е се само јас и ти не .....само времето ќе покаже каде јас и ти згрешивме единствен мој ТЕ САКАМ не заборавај!
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Кога ќе те видам срцето забрзано ми чука и вљубено почнува да чука.Твоја насмевка ме привлекува, а кога ќе те видам насмевнат и моето срце се смее.Ти си тој што ми ја грее душата,она силно чуство што покажува каква е всушност вистинската љубов.Она што и кога сум тажна ме прави среќна и она што понекогаш и без причина ме тера да плачам,да пролевам слози без потреба.Те сакам со сето мое срце ти си мојата најголема среќа,ти си мојот сладок копнеж кој успеа со само еден поглед да го освои моето срце.Она срце кое дотогаш незнаеше што е всушност љубовта.Остани засекогаш мој само МОЈ!!
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
П.С. и пак вечерва си дадов одговор зошто те сакам.само кон тебе сум несебична.тоа е и одговорот на тоа зошто никогаш нема да се имаме!