Да ги затворам сите мои мисли преточени на лист хартија,во шишиња,сите би биле едолични.
Посакувам,еднаш барем да седнам немо покрај тебе.
Ми недостигаат годините кои нема да ги поминеме заедно..
Ми недостига животот кој нема да го доживееме.
Ми недостигаат сие моменти кои нема мене да ми ги поклониш.
Градината во која нема да седиме заедно.
Ми недостигаат твоите проблеми кои нема да ги решаваш во мене.
Децата кои никогаш нема да ги имаме заедно.
Ми недостига твојот живот,твоите очекувања,твоите стравови кои никогаш не ги признаваш,твојата несигурност која преку мене ја откриваш.
Ми недостигаат твоите прашања,твоите мислења,совети.
Ми недостига твојот поглед.
Твојот живот и се она наоколу кое што ти не го приметуваш.
Ми недостига соединувањето,присутноста,спонтаноста.
Ми недостига спокојот кој никогаш нема да го почувствувам покрај тебе.
Ми недостига да бидам најдобра од сите,само заради тебе.
Си недостигам сама на себе таква каква што сум кога сум со тебе..