Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Небото намќоресто танцуваше низ сивиот ден. Истата стара песна низ доцниот есенски ветер.... шумови на коли, забрзани чекори, носталгични погледи, меланхолични души талкаат наоколу... без сопствената сенка, далеку од себе вивнати во висините на небесата, далеку од другите заталкани вомузиката на светот, на просторот што се движи, токму на она што не претставува ни време, ни место,туку чудна случајност на музикалноста. Не бараат прашања, не сакаат ни одговори... се е само празни погледи и молк. Силна свежина во воздухот, и милион ситни трнчина низ грлото..... каде ли е прегратката твоја сега?

Сакам да ти кажам те сакам...
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Помина само еден ден од кога се разделивме и веќе ми недостигаш...знаеш дека не би те пуштила да одиш да можев...и ти би останал кога не би морал да одиш...
Во исто време и толку многу среќна и замислена некаде далеку, одлетана со мислите кои водат кон тебе...Го мразам денешното утро кое ме посети на тебе, го почуствував твојот мирис на мојата коса, ах проклетство!
Седам по цели сати со насмевка на лицето и одлетана во мислите не забележувајќи ништо околу мене, деновите со тебе само колку брзо ми поминаа, ах не ги не сетив, кога би можела да го вратам времето..
Во исто време си вистински маж кога ме водиш покрај себе, а во исто време си такво детенце кое само јас можам да го видам и препознаам во тебе... иако не сакам да признаам, но посилно е од мене, ми недостиггаш многу........не знам што ми се случи ама ова не сум јас, вака никогаш не сум се чуствувала....не знам како успеа да ми влезиш во мислите и да имам потреба од тебе...
Знам дека си многу далеку од мене, барав да те видам уште еднаш и те видов...но желбата ми се зголеми уште повеќе...не го очекував тоа......знам дека пак ќе те видам, ќе дојдиш...
Ќе те чекам!
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Ти си мојата ѕвезда водилка
Ти си мојот заштитник и ангел чувар
Ти здивот кој го вдишувам и издишувам
Ти си мојата мисла и смисла
Ти си тој- кому требам и кој ми треба
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Ете денес од око ми капнаа две солзи. Едната носеше лоша вест,другата добра.Првата ја насобрала сета тага во себе,а другата среќата . Двете по вкус беа солени и ми го браздеа ликот. Двете потекнуваа од очите кои како да се бореа против себе.Добро и зло. Љубов и напуштање. Едната ти ја посветив тебе. Другата ја задржав за себе. Таа твојата,беше болен повик да се вратиш во мои прегратки и повторно да бидеме едно. Таа мојата, беше жал кон себеси, зашто никогаш не успеав да ти бидам единствена. По падот двете се споија некаде околу усните и веќе го изгубив нивниот тек. Дали тоа ќе биде случај и со нас? Дали повторно ќе станеме целина,а тагата и љубовта ќе се судрат,пркосејќи си една на друга?
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Jас и ти,повторно ќе раскажуваме. Само немаме шанса тоа да го сториме сега. Сега, меѓу нас двајца. Може во иднина на поколенијата ќе раскажуваме една прекрасна приказна,а тие место да склопат очи ќе бараат повеќе.Ќе измислиме и други имиња,ќе се скриеме под маските на бајковитите јунаци,а длабоко под таа глума ќе бидеме јас и ти-заљубениот чевлар и изгубената Пепелашка. Онаа Пепелашка која никогаш не го нашла своето чевличе,зашто срцето толку многу и крварело што немала храброст да се врати назад.
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Можеби не е љубов ова што го чувтвувам кон тебе, можеби е моментално, можеби е вечно, кој знае... Знам само дека е силно и дека конечно сфатив што значи да си несебичен.Сакам да си среќен, ме боли кога си тажен...Уфф, за тебе би направила многу работи, свесно или несвесно и многу направив. Заслужуваш! И кога си збунет и кога мене ме збунуваш со твоите еднаш вакви, еднаш такви изјави, пак ми си мил...Мој си ми...