Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Кога сум со него дозволувам да ме обземе чувство дека спокојно лежам во твоите раце..и мислам на тебе..
Не можам да дозволам да ме бакне, зошто се плашам..се плашам дека нема да можам да се предадам целосно на тој бакнеж, зошто упорно и упорно ги посакувам твоите усни на своите.Се плашам дека веќе ништо нема да ми биде исто, се плашам кога сум сама со него во ноќта, да не го изговорам твоето име кое постојано ми се врти во мисли.
Се плашам од сама себе, дали ќе можам да продолжам ако те немам тебе..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Марија

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Боли, ама тебе и онака ти е сеедно.
Кревам раце од тебе, не можам само јас да се борам,мислам дека доволно направив.
Ми мириса на крај, иако никогаш немаше ни почеток.
Ти посакувам се најубаво.
Life goes on.


557973_490719001021466_781770321_n.jpg
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
го дишам ланскиот воздух зашто овогодинешниот ме загушува.
бдеам во градот на ланската среќа и ја преболувам сегашната тага.
Твој град, а наши спомени...
те барам во залезот на сонцето, во ветрот кој го бранува езерото, во толпата луѓе во кои сигурно не припаѓаш...
последна нека е оваа потрага на ненајдливото и невратливото...
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
И доаѓа време кога сфаќаш дека цел твој свет е изграден од контрасти. Како меката ноќ сега, и џагорливото утро за некој час. Како разиграниот див оган и смирувачката водена површина. Како спонтаната и наивна јас, а пресметливиот и немарлив ти.
Некои работи како да имаат направено заговор против тебе, па постојано будат нешто во нас.
И тогаш беше топол август како и сега. И тогаш не можев да заспијам како и сега. И тогаш се фатив дека размислувам за тебе како што размислувам и сега.
Од таа вечер прво ми текнува на силниот парфем со нота на ванила и на лежерниот краток жолт фустан, уредно подготвен од изутрината за нашата средба. Знам само дека бев пресреќна и тромаво пробував да го сокријам треперењето на рацете, симнувајќи се по скалите. Немаше бакнеж, само долг поглед. Чудно.
Тивко ми шепна во увото - ,,Држи се, Љубов, ова ќе боли повеќе од се до сега”. Страв. Не знаев што ме очекува. А доста работи ме чекаа додека стоев како мало дете пред тебе. Кутрата, само сакав да бидам трезна, свесна дека не сонувам, што попристуна до тебе, а пијана од љубов. Зарем тоа ти беше многу? Можеби малку?
Само бев вљубена и искрена. Всушност, многу повеќе наивна од вљубена. Полна со љубов и широки очекувања од едно тесно и збиено срце.
Како можеш да заборавиш некого, кој те натерал да заборавиш на се' што се случило пред него? Како можеш да избришеш среќа? Каков треба да биде човек да те научи да леташ, а знае дека нема каде да слеташ?
Од време на време ќе слушнам разговор од типот ,,Ја нaпуштив за еден ден да биде среќна, можеби ќе ме мрази но ќе и помине по некое време”. Идиотизам. Не Љубов, нема да биде среќна. Ќе биде ладна, претпазлива и кршлива. Ќе биде бездушна кучка, нечувствителна и проклета. Ќе биде се’, само нема да биде среќна.
Ти победи. Викај од среќа кон небото, јас ќе ја заковам мојата гордост на земјата. Земи се’ од мене, повеќе ништо не чувствувам. Не, не сакам да те чувствувам.

Мразам вкус на ванила, а жолта боја веќе никогаш нема да облечам на своја кожа. Се' е во контраста, Љубов. Ти дадов многу, добив малку. Едно исполнето срце помалку, и едно набилдано его повеќе. Неколку брутално срушени соништа на една обична девојка - повеќе и една љубов која сакала само да те стопли и развесели - помалку.
Не, не сакам одмазда. Одмаздата е за кукавици. Само сакам силно да се заљубиш, Љубов. Ако си способен за љубов. А кармата е кучка...
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
И после само јас сум можел чувствата да ги пренесам во зборови и да предизвикам трепет на твојата душа.
Знаеш ли што предизвика ти денес во мене?
Ги прочита ли зборовите во моите зеници? Ја виде ли гордоста која како вруток извираше од моето битие? Ги виде ли сите оние чувства кои денес не можев да ги пренесам со зборови?
Ако не ги виде, сега ќе ги кажам. Сега додека спиеш и ме оставаш да ја фаќам фрекфенцијата на тишината за да ја чистам болката.
Сега ќе ти раскажам дека секој милиметар од моето тело ти припаѓа тебе. Секој мој поглед несомнено го поседуваш ти.
Сега ќе ти кажам дека ако постоеше период во кој кукавички се сомневав во нас, денес сите тие сомнежи заминуваат во неповрат.
Не знам како можев, како успеав. Навистина не знам како можев да си дозволам да се сомневам во единствената личност која била со мене во сите мигови, и која наоѓала објаснување за моите постапки дури кога и јас самиот не сум пронаоѓал.
Прости ми што себичноста во овие изминати месеци ја извадив на површина, и не гледав што предизвикувам во тебе.
Прости ми што на момент заборавив дека ти си моето малечко девојченце, мојата инспирација и мојата потпора во секој аспект и поглед кон овој живот.
Прости ми што денес сето ова не го преточив во зборови, туку само немо те гледав и со сите сили на моето постоење се молев да ја слушнеш мојата тишина и да разбереш што чувствувам.
На крај...знаеш што? Знам дека ми прости. Дали знаеш зошто знам? Затоа што знам дека се’ уште си единствената личност што толку добро ги чита испишаните зборови на моето срце. Да... се’ уште знам дека си единствената личност што знае во потполност ја ислуша мојата тишина.
Ти благодарам мое малечко девојченце.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and Сара.13

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
И доаѓа време кога сфаќаш дека цел твој свет е изграден од контрасти. Како меката ноќ сега, и џагорливото утро за некој час. Како разиграниот див оган и смирувачката водена површина. Како спонтаната и наивна јас, а пресметливиот и немарлив ти.
Некои работи како да имаат направено заговор против тебе, па постојано будат нешто во нас.
И тогаш беше топол август како и сега. И тогаш не можев да заспијам како и сега. И тогаш се фатив дека размислувам за тебе како што размислувам и сега.
Од таа вечер прво ми текнува на силниот парфем со нота на ванила и на лежерниот краток жолт фустан, уредно подготвен од изутрината за нашата средба. Знам само дека бев пресреќна и тромаво пробував да го сокријам треперењето на рацете, симнувајќи се по скалите. Немаше бакнеж, само долг поглед. Чудно.
Тивко ми шепна во увото - ,,Држи се, Љубов, ова ќе боли повеќе од се до сега”. Страв. Не знаев што ме очекува. А доста работи ме чекаа додека стоев како мало дете пред тебе. Кутрата, само сакав да бидам трезна, свесна дека не сонувам, што попристуна до тебе, а пијана од љубов. Зарем тоа ти беше многу? Можеби малку?
Само бев вљубена и искрена. Всушност, многу повеќе наивна од вљубена. Полна со љубов и широки очекувања од едно тесно и збиено срце.
Како можеш да заборавиш некого, кој те натерал да заборавиш на се' што се случило пред него? Како можеш да избришеш среќа? Каков треба да биде човек да те научи да леташ, а знае дека нема каде да слеташ?
Од време на време ќе слушнам разговор од типот ,,Ја нaпуштив за еден ден да биде среќна, можеби ќе ме мрази но ќе и помине по некое време”. Идиотизам. Не Љубов, нема да биде среќна. Ќе биде ладна, претпазлива и кршлива. Ќе биде бездушна кучка, нечувствителна и проклета. Ќе биде се’, само нема да биде среќна.
Ти победи. Викај од среќа кон небото, јас ќе ја заковам мојата гордост на земјата. Земи се’ од мене, повеќе ништо не чувствувам. Не, не сакам да те чувствувам.

Мразам вкус на ванила, а жолта боја веќе никогаш нема да облечам на своја кожа. Се' е во контраста, Љубов. Ти дадов многу, добив малку. Едно исполнето срце помалку, и едно набилдано его повеќе. Неколку брутално срушени соништа на една обична девојка - повеќе и една љубов која сакала само да те стопли и развесели - помалку.
Не, не сакам одмазда. Одмаздата е за кукавици. Само сакам силно да се заљубиш, Љубов. Ако си способен за љубов. А кармата е кучка...


Морав да те цитирам затоа што додека го читав ова чудо од текст се огледалив во секој испишан збор. Дури и месецот е тој...Глупавиот Август

Љубов, нема да биде среќна. Ќе биде ладна, претпазлива и кршлива. Ќе биде бездушна кучка, нечувствителна и проклета. Ќе биде се’, само нема да биде среќна

Навистина е така, те крши тој, а за неговото дело ќе плаќаат невините понатаму во животот.

Кршењето нечиво срце треба да биде вбројано како злочин од прв степен.