Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Koga bi znael kolku mi nedostasuvas ke se izgubis za navek i nema nikogas da se pojavis samo poradi stravot koj sto ke go pocuvstvuvas od obvrskata na ljubovta so koja te obvitkuvam. No navistina toa e veke tvoj problem,jas samo tolku znam a inaku ne mozam.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
зарем си ги потрошив сите зборови и зарем немам што повеќе.да кажам ?
Останува празната душа и распарченото срце да сведочат дека единствено тебе те љубам како што само еднаш се љуби. Сите останати ќе бидат почестени со суви трошки и површни чувства. Се мое тебе ти припаѓа.
Само лажната вкочанета насмевка, солзите и болката се мои. Тие се се што имам за деновите кои поминаа и деновите кои доаѓаат...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ќе ти кажам овде нешто за последен пат.
Дека се беше како што беше.
И беше убаво додека траеше.
И дека секој си го оди својот пат кога ќе дојде време за тоа.
Никој не е крив,никој не сноси вина.
Не можеш да држиш нешто со сила.
И кога ќе го пуштиш тоа ќе ти избега.Чинам не си ја сфатил моќта на безусловната љубов.
Да.
Онаа која нема граници,нема очекувања,нема надежи.
Формално велиш:
Да тоа е безусловна љубов.
Но знаеш дека се лажеш.Знаеш дека посакуваш себично да ставиш граници,да го затвориш кругот,а неможеш.Немаш таква моќ.
Се е убаво додека трае.
После се бараат виновници,се бара кривец..
Ова е последен пост за тебе.
Ти ја посакувам целата среќа на овој свет и целата мудрост.
Ти посакувам светлина во темните денови,
виножито по дождот.
Ти посакувам љубов.
Чувај се,знаеш дека си посебен.