Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
(inlove)

tumblr_mnza6pihCF1rnhky6o1_500.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rosana and Badgirl

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Зачистив тука од вчера неколку оф топици. Темава е за искажување на љубов, сето друго што е вон темата можете да го скоцкате во Чет муабети.

Друго истотака би напоменал, ај што ќе ставите некое клипче или па цитат, се прифаќа, ама да ви се состои мислењето од смајли, една буква? Не дека ви контрам нешто ама некако повеќе ми изглеа l`art pour l`art работава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Close your eyes, give me your hand darling, do you feel my heart beating, do you understand? Do you feel the same, or am I only dreaming...
Say my name, sun shines trough the rain, my whole life so lonely, and then you come and ease the pain...I don't want to lose this feeling.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and AnGelgirl24

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Не ја мразам јас неа. Неговата девојка. Само и завидувам.
Ја има најубавата насмевка само за неа. Ја добива неговата прегратка и ужива во неговите бакнежи.
Го гради својот свет со човекот кој во урнатини го остави мојот. Заедно битосуваат врз правот и ужасот во кој останав кога тој си замина.
И не ја мразам. Само ја гледам и се обидувам да сфатам што е таа толку поубава, попаметна или посебна. А што не бев јас?
И' ја набљудувам насмевката и навистина е прекрасна девојка. И веројатно нему му е посебна на посебен начин. Онака како што јас никогаш не му бев.
Зашто мене никогаш не ме посакуваше ниту почувствував дека некогаш сака да сум негова колку што горев да бидам.
Копнеев да бидам негова најмила, љубена... а сега тоа е таа.
Не ја мразам само се прашувам зошто не му беше доволна мојата љубов, не му бев доволна јас и она што му нудев. Се прашувам зошто дозволи да го љубам толку силно ако мислеше да ме пушти толку лесно.
Не, навистина не ја мразам, само очајно посакувам да сум на нејзино место...
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Пријатно ме изненади твојот пропуштен повик, не мислев дека некогаш ке се јавиш, ниту пак толку касно. Баш сакав да знам зошто ме бараше, сум заспал :) Слушнав често пати си зборувала за мене, ме изненадуваш. Се надевам дека денес ке ме побараш, оставам на тебе. Наспиј се прво, не сме сите трета смена :)