Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Мило ми е што влезе во мојот живот.
Покрај тебе се чуствувам како дете.
И ти ми недостигаш.
Беше прекрасно да го слушнам твојот глас.
Миличко мое :*
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
533491_324417094278505_249246781795537_846127_1596827129_n.jpg
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Ако мислеше дека ќе те молам, навистина си се зафркнал.
Сигурна сум дека четвртокот очекуваше телефонот да ти е преплавен со мои повици, ама не било така, еве и сабота поминува од мене ни трага ни глас. Јас нема да молам никого повеќе.:cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не сакам многу да се исповедам но некако сум у елемент да отшрафам малку од филтерот т.н. „емоции“ (не дека ги имам, повеќе е друго)

МРазам да се сеќавам на старите времиња кога ги имав разбрането емоциите, времето на големите подеми и падови. Но, тоа што сеа се случува со мене ме извртува од секаков колосек. Откако раскрстив со чувствата помина многу многу време. Тоа и ме плаши. Затоа што е многу од клиничката смрт. И сеуште се чувствувам во инкубација. Твоите омилени зборови...Дали тоа значи дека пораснав веќе? Дека оттрпнав скоро на се`? Или пак чекам на нешто? Ме плаши дека можеби нема никогаш повеќе да сакам толку страсно како тогаш. Дали романтичноста умре во мене? Кажи ми сеа ти што живееш во мене, судирајќи се несвесно со спомените на загубената љубов? Дали и ти умираш? Симултано како и времето кога верував многу? Одговори ми...
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Сакам да ти кажам дека и јас те сакам многу... иако си со друга, иако и таа те има... оваа ноќ го промени мојот живот... никогаш повеќе нема да бидам среќна како порано, кога ме пречека знаев дека нема да е нешто добро, ми го кажа тоа што не сакав никогаш да го слушнам, ехх злато мое, кога ме бараше јас "бев" среќна со оној, а тебе не те забележував воопшто, а сега сфаќам дека не ми било сеедно за тебе, дека те сакам повеќе од се и дека никогаш нема да те заборавам... за две недели ти ќе бидеш веќе верен, а јас како ќе издржам не знам, таа сабота ќе биде најлошата во мојот живот... опрости ми за се... знам дека ме сакаш повеќе од се и дека можеби никогаш повеќе нема да можеме да бидеме заедно, но што и да се случи биди ми најсреќен и не ги заборавај моментите што ги поминавме заедно и кога бевме најсреќни.... :'(
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
има една колешка која ми се допаѓа... Проблемот е што не сум баш сигурен дали би можел некогаш да засакам некоја друга освен онаа моја муза која ме измачува. И пак сакам да ја видам онаа моја бивша од прва средно. Веќе 5 години поминаа, а сеуште се сеќавам на секој момент минат со неа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and melpomena

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Пораснав, од вчера до денес...
Те сакам како што до сега не сум ни помислила дека ќе сакам некого,
со моите 23 јас само сакам
остатокот од мојов живот да го поминам со тебе...
Сфатив дека сум голем провокатор и се што правев ти во никој случај не го заслужуваш,
толку си мирен, фин, добар... Сето тоа го злоупотребив... :(
Но те молам... Дај ми само уште една шанса, ќе се смени се
Ветувам... И да постоеше само ти во светов, немаше да барам ништо друго,
Ти си ми и повеќе до доволен...
Семејството, ни другарките/другарите...
Од се би се откажала само заради тебе...
Те сакам бу бу (hug):place