Чим сум тука, не е на арно.
Те видов пред некој ден, и ти ме виде ваљда ама наудрена се напраи. Знам, незгодно е. Ме тераа да дојдам од кај тебе да запалам свеќата, али немав мадиња. Ќе дојдев да беше со 2-3 другарки, али вие 20 души сте се собрале мајку му. После пак те видов во пицеријата, за миг те посакав повторно. Да, лажам дека не те сакав. Лажам дека не сум чувствувал ништо за тебе. Лажам дека не ми требаш. Всушност, секој ден додека бевме заедно мислев на тебе и едвај чекав да те видам. Сеуште, сакам случајно или неслучајно да те видам. Чисто да видам дали го чувствуваш истото што и јас го чувствувам за тебе. Другаркати ми рече си ме сакала, не дека ми смени нешто тоа затоа што знам дека нема повторно да бидеме заедно. Можеби и ме излажа.. за да се осеќам уште победно. За беден изговор раскинавме, знаеш и самата. Али што не одеше последните денови, не одеше.
Сакам уште еднаш за последен пат силно да те гушнам, ама да не те пуштам овој пат. Не сум го сфатил сега ова, туку го чував во себе. Не сакав никој да дознае. Знам, бев ко некоја пичкица. Не се лигавам повеќе, само сакам среќна да бидеш.
Ете, пишав. И? Се смени нешто? Курац.
Ајт!