Ирена и Трајанка се во Кала со Пеце, Рамче, Менде, Тошо и сркаат макијато.![]()
И? Што ми прави мене тоа разлика?
Уште подобро - што ним им прави тоа разлика?
Уствари заборавив, треба да се покажеш пред народот и светот колку си прошетан, искулиран и фенси.
Дај бе најдете си живот.
Целиот ФБ е една самобендисана и егоцентрична фракција, измислена да ти набилда самодоверба и сила која во реалниот свет и живот не можеш да ја манифестираш преку обично прашање за насока од рандом човек на улица... некако сите се испозаљубија самите во себе, и одеднаш сите се кул, чил и се во некој чилакс mood,ми иде да земам една зоља и да се распукам на Плоштад.![]()
Смрдеж е народов, абе само кај нас ли има вакви ненормални?
Ги молам порашетаните да ми одговорат со доза на сериозност, минус иронија и сарказам на прашањево, зашто и овие две се во мода, па ги употребува и слепо и сакато, и со смисла и без.
Код:
http://forum.femina.mk/kafe-muabeti/sakam-da-kazam-t9061/1800.html#p818095