Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Денот денеска ужасно ми започна, почнувајќи со лизгавите чизми цел ден се лизгав и на два чекора ќе пагав ама се се задржував.:gjavol Нешто убаво што се случи беа скратените часови и кога видов дека ми предложија за модератор. Ептен се израдував зошто сакав да бидам модератор и конечно ми се исполни. Се надевам дека ќе соработуваме. :nasmevka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blueberry

Badass

Истакнат Член
16 февруари 2012
63
87
333
26
Неможам да ја поднесам одвратнава симбиоза на моите чекори и органот кој дава живот денес...
Денес не го сакам никој. Со слушалки на уши ги слушам Slayer и ги праќам сите у пи*ку матер. :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: invissible ^ _^

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Сдк дека ми се смачи од ладничково време. Сакам зима, ама оваа годинава мислам дека ја претера малце повеќе. Доста ти е зимо..иш иш, оди си.
Треба да излезам уште малце, а не ми се излегува. Сакам да го прочепкам уште малце форумов, да видам што забава се крие во другите катчиња. Ама ќе биде и тоа. Вечер ви се враќам и ќе продолжиме да се дружиме.
Ве поздравувам :cao
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
После темнинава преку прозоров мој го гледам автопатот. Единствената светлина ноќва.
Не ја сакам зимава, снегов уште помалку.
Не сакам што дома стигам со мокри нозе до глужд и нос што чинам ќе отпадне при допир.
Не сакам што чекам автобус по 40 минути.
Несакам што не е до мене да ми го баци носето.

Со Патерсон во рака, посакувам чаша црвено вино до мене. Знаете, од оние огромните. Наместо, мешкам чај од јагода и ванила. Сепак ми ги раздвижува сетилава пред спиење
 
Статус
Затворена за нови мислења.