Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Ок lady_blue нема врска, мене ми беше јасно уште пред да напишам дека нема да има ништо од тоа што го кажав, само си дадов мислење, а воедно и одговор на твоето прашање.

melpomena, пак тврдам дека тоа што го кажав е различно од тоа ти што го кажа, битно lady_blue ме разбра.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and Mila Kunis

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
искрено не се согласувам
од една причина
човековото тело е неисцрпна инспирација за истражување и создавање на дела од различни области на уметноста
нималку не е лесно, особено кога се работи за сликарство и уште повеќе за фотографирање, да се пренесе став, размисла, видување, доживување на вистинскиот начин
некому тајна која сака да ја открие му се очите, на друг усните, на трет ликот, на четврти торзото, некој си игра со светлината и сенките, некој повеќе сака да си игра со боите.... итн до бескрај
кој точно е вистинскиот начин за да се пренесе она што е замислено, односно да се реализира она што е нечија идеја, е прашање кое има различни одговори, а секој одговор во својата суштина крие преферирање на одреден стил, односно правец во уметноста (некој сака импресионизам, некој експресионизам, некој е минималист, некој поинтилист.... )
па би рекла дека целта на темите е да се даде ваше видување, преку постирање на фотографии за кои вие сметате дека одреден уметник (убаво би било да се наведува кои се авторите на фотографиите, но и не мора) на дадената тема одговорил на најдобриот начин
да се соберат сите тие теми во една, насловена човечко тело, е премногу општ и непрегледен пристап
јас би имала само еден предлог : кога се постира да не се постираат премногу фотографии одеднаш, во едно мислење, повторно заради поголема прегледност
Оти нема човече шо се поклонува клекнато доле на земја,за да можев соодветно да ти се заблагодарам што секогаш имаш како да не едуцираш.
За ова што го потенцирав,ги ставам по максимален број на слики што собира во еден пост од причина што мислев дека ако ги ставам по помалку,да не испадне собирам бројки за постови.
Мене ми е сеедно дали по повеке или по помалку,како ке кажеш така ке ги постирам,кога веке објаснивме што е уметност.:*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ок lady_blue нема врска, мене ми беше јасно уште пред да напишам дека нема да има ништо од тоа што го кажав, само си дадов мислење, а воедно и одговор на твоето прашање.

melpomena, пак тврдам дека тоа што го кажав е различно од тоа ти што го кажа, битно lady_blue ме разбра.
Јас го напишав истото што го напиша лејдито само на поинаков начин. :)
Уште и во првиот пост,ете ке повторам една реченица од моето напишано,па ти спореди си кој не разбра....кажи му на уметникот,дека смее само цело тело да црта.
Ако се прашувам јас,ич нејкам да има нервози кои како што гледам дека ги има и ми е криво,ако е потребно нека ги избришат,но ако не друго,научивме нешто за уметноста денеска.
Околу ова повеке нема да пишувам на темава па макар и да сум цитирана,оти се едно исто ке треба да го повторувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Нема поента и пак да напишам, секој си се држи тврдоглаво до своето мислење и тоа е тоа. А јас за уметност го знам тоа што сум се заинтересирала да го научам, и доволно ми е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Нема стриктна „дефиниција“ за уметност... Уметност е начинот на кој нештото го правиме/создаваме.
Јас сега пишувам водејќи се по мои правила и стил, по моја „уметност“.
Тој што ќе пише под мене „создава“ според друга уметност, третиот според трета, итн...
И онака мнозинството генијални уметнички дела што биле создавани векови наназад биле создавани од „уметници“ (или луѓе како мене, тебе, него, неа...) кои воопшто не го разбирале концептот наречен „уметност“. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас сакам да ги прашам сите оние кои јадат нешто за темите во Дводимензионална уметност, ако не им се гледаат такви теми зошто кликаат за да ги видат? Знаеме дека во тие теми не се дискутира, туку споделуваме убави фотографии на одредена тема. И стварно мислите дека се само така прогуглани и оставени колку да се рече се отворила тема? Ве жалам сите вие кои мислите такво нешто, без нималку осет за естетика и уживање во убавите бои...Ах колку ве жалам, ни вие самите не знаете.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, Selma and Kiril

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Јас сакам да ги прашам сите оние кои јадат нешто за темите во Дводимензионална уметност, ако не им се гледаат такви теми зошто кликаат за да ги видат? Знаеме дека во тие теми не се дискутира, туку споделуваме убави фотографии на одредена тема. И стварно мислите дека се само така прогуглани и оставени колку да се рече се отворила тема? Ве жалам сите вие кои мислите такво нешто, без нималку осет за естетика и уживање во убавите бои...Ах колку ве жалам, ни вие самите не знаете.

Не знаат што е уметност..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Сдк дека времето е многу мутаво ! Сакам да врне да истуриииииииииииииииииииииииии !!!!!!!!!!!!! :sreken
Ке дојде и кај вас, Дедо Мраз и ке ви донесе дожд. Ама има и грмотевици... :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ♠ Таа Сум ♠

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Вака сеа...уметници прајте шо сакате,отварајте какви теми сакате,ако сакате отворете тема и за прстите од нозете,или за колената,или за делови од велосипед и слично...добар предлог ми дадовте,нема ни да влегувам веќе во тој подфорум.
Само да ве замолам да не упатувате директни навреди,дека некој бил ваков или таков,дека незнаел што е уметност или слично.
И да ја замолам мелпомена да намали малку со иронијата во коментарите,не е океј :) треба да се прифати критика некогаш,не?(wasntme)
 
Статус
Затворена за нови мислења.