СДК вчера успеав да ја дочитам и последната книга од трилогијата "Fifty Shades". Денеска ја прочитав и `Прирачник за антиалкохоличари“ од Игор Џамбазов. Сега следува период од борба со внатрешни дилеми и враќање во реалноста. Колку теми на размислување и двоумење ми се отворија со читањето на овие книгишта.... Дојдов до заклучок дека е време конечно да се средам и да почнам сериозно да гледам на работите. Доста е веќе вака, на ништо не личи.... Само се вртам во круг и очекувам некој друг да ми ги заврши работите место мене. Ми се натрупаа цел еден куп проблеми со кои ни не знам дали ќе можам да се справам, ама ќе дадам се од себе. Ах да.... И некој ден, морам да пробам “Аљаска“, па макар и само една голтка, ме интересира каков вкус има. Ама сега засега, веќе нема да пијам... Барем до Нова Година.
П.С. Некоја препорака за добра книга??