Ах, добро утро, убаво утро.
Ранобудников уште во 7 стана на нозе, направи појадок за тетин ми, го испратив и сега си јадам од салатата во комбинација со моето омилено нес. Ситници, ама ми го разубавуваат денот.
Комшијава ја пуштил Never gonna give you up и ја чува еве 6ти (7ми стана дури пишувам) пат на рипит. Не знам дали пробува мене да ми направи rick roll или навистина ја сака песната, ама додатно ме размрдува и ми влева некоја позитивна енергија.
Време е за нова фризура и боја, две години и’ се наканувам. Може денеска, може утре...за една недела, битно ќе биде и едвај чекам, ми здосади веќе косава и почна да ми оретчува од што е долга. Сакам апла драстична промена.
И тако децо. Бидете ми поздравени, добри и позитивни. И на облацине им здосади веќе да се тмурни, не пак вам.