Сакам да кажам/Сакам да прашам

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мачно ми е веќе на секоја главоболка и замор да ми се мота во глава да не сум закачила корона.
Денов па бетер од досаден. Совршен за дремење дома и размислување за сите безвезни и помалку безвезни работи што те мачат. Јеј.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Да не знае случајно некој напокон каде да се најдат стари слики од дискотеки во Скопје,некој што се сликал или што сликал,без разлика што и да е,може и веб страна некоја?

Благодарам :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Да не знае случајно некој напокон каде да се најдат стари слики од дискотеки во Скопје,некој што се сликал или што сликал,без разлика што и да е,може и веб страна некоја?

Благодарам :)
Памтам дека на kadevecer објавуваа. Сајтот гледам дека веќе не постои, но има по нешто останато на фан страната на Фејсбук, како и на Инстаграм.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Една од најубавите, најслатките и најсимпатичните ствари во познатиот универзум е женската топлина.
Од сите работи на светот кои се поврзани со партнерка, најмногу ми фалат некои ситници кои не се сексуални сами по себе.
Една долга прегратка или спиење заедно. Буквално спиење а не "спиење" :gladen Моментот кога го слушаш нејзиното срце, кога ти спие на едната рака а со другата сте фатени за раце. Кога наутро ја посматраш како спие, во случај да се разбудиш пред неа.
Топлината која произлегува од неа како одговор на твојата топлина кон неа. Црвенилото на образите.

Една од најточните изреки е дека најубавите и највредните работи на светот се бесплатни.
Доколку сте во врска/брак не го земајте партнерот здраво за готово туку уживајте во себеси колку што можете повеќе. Не пропуштајте бакнеж пред заспивање или бакнеж при будење наутро. Ниту пак при излегување од домот. Не пропуштајте да ги дадете сите комплименти на овој свет.
Тоа е аманетот на Outrider, форумски јузер и изразито романтична особа. :)

Затоа на модерните појави како уан најт стенд, фак бадис, френдс вит бенефитс гледам како на капиталистичка карикатура од човечки однос. Тотално ѓубре кое го деградира човекот и жената до ново дно, до покретно парче месо. Декадентно срање од најнизок вид. Каков е тој секс во кој нема делење на цигара после чинот, спиење во прегратка, будење во прегратка.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Дали некој знае кој е повикувачки број за Еквадор,дали морам да знам град или тоа нема врска ?
Благодарам
 

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Дали некој знае кој е повикувачки број за Еквадор,дали морам да знам град или тоа нема врска ?
Благодарам

Повикувачкиот број за Еквадор е +593. Не сум сигурен дали и за градот има дополнително бројче напред.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Земајќи во предвид све поврзано со меѓучовечки односи, технологијата која ја имаме на располагање, психологијата која е веќе стара околу 2 века и што све не, не постои оправдување за лошите односи меѓу луѓето.
Сериозно не знам, во време на најдобри услови за живот во последниве 7000 години раја да прави срања наместо да ужива во сето она кое е дадено. Што треба за еден убав, исполнет и балансиран живот? Што повеќе?
Наместо утопија, сериозно се ближиме кон дистопија, наместо како човечки род да го шириме животот по сончевиот систем ние се давиме во најбанални гомнарии.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ме тепа нервоза, среќа, неизвесност и нетрпеливост.
Мрднат микс на емоции.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Плаќам паркинг меѓу луѓево нема оддалеченост ни пола метро, во продавница исто маските под нос, јавен превоз е корона кластер, пазарите не се ни за коментар.
Џабе полициски од 8 и затворени локали. Само ќе умреме млади неизживеани.