Една од најубавите, најслатките и најсимпатичните ствари во познатиот универзум е женската топлина.
Од сите работи на светот кои се поврзани со партнерка, најмногу ми фалат некои ситници кои не се сексуални сами по себе.
Една долга прегратка или спиење заедно. Буквално спиење а не "спиење"
Моментот кога го слушаш нејзиното срце, кога ти спие на едната рака а со другата сте фатени за раце. Кога наутро ја посматраш како спие, во случај да се разбудиш пред неа.
Топлината која произлегува од неа како одговор на твојата топлина кон неа. Црвенилото на образите.
Една од најточните изреки е дека најубавите и највредните работи на светот се бесплатни.
Доколку сте во врска/брак не го земајте партнерот здраво за готово туку уживајте во себеси колку што можете повеќе. Не пропуштајте бакнеж пред заспивање или бакнеж при будење наутро. Ниту пак при излегување од домот. Не пропуштајте да ги дадете сите комплименти на овој свет.
Тоа е аманетот на Outrider, форумски јузер и изразито романтична особа.
Затоа на модерните појави како уан најт стенд, фак бадис, френдс вит бенефитс гледам како на капиталистичка карикатура од човечки однос. Тотално ѓубре кое го деградира човекот и жената до ново дно, до покретно парче месо. Декадентно срање од најнизок вид. Каков е тој секс во кој нема делење на цигара после чинот, спиење во прегратка, будење во прегратка.