Вчера ја раситнив некни стекнатата љубиларна 30ка со уже друштво на вино, пица и неколкучасовен километражен зен муабет. Бељата е што роденденот ми се паѓа во ударна туристичка сезона, така да Скопје секогаш или не ме дочекувало пошо не сум бил „дома“, или ме дочекувало со пустиот асфалт и понекое залутано, задишано џукелче. Вчера испадна коцките да се поклопат прв пат за 30 години, па испадна дружбата да биде во полн ек. Душава повторно ми се наполни после толку време (иако имаше и неколку претходни песто паста собири). Ми беше мило што се` беше опуштено, без ронка претенциозност. Се надевам некогаш коцките повторно ќе се склопат, за да се потсетам на истово ова чувство што вчера го имав.
So says Saladin