Сакам да кажам/Сакам да прашам

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Има ли ваква тема ?

Па не знам барав ама не најдов а мислам дека не е лошо да има

Баш во Љубовни проблеми можете да се поставуваат прашања и да се разменуваат совети. Таа е најопширна тема во врска со љубов и секс, но има и други подетални: Сексуално воспитување, Секс - со или без заштита, Неверство, Крај на сериозна врска, итн, итн. Како и да е, админот на тој подфорум ќе си реши што со новата тема, јас само да ве потсетам дека постојат тие теми.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Баш во Љубовни проблеми можете да се поставуваат прашања и да се разменуваат совети. Таа е најопширна тема во врска со љубов и секс, но има и други подетални: Сексуално воспитување, Секс - со или без заштита, Неверство, Крај на сериозна врска, итн, итн. Како и да е, админот на тој подфорум ќе си реши што со новата тема, јас само да ве потсетам дека постојат тие теми.
Абе да размислив и за тоа но некако темата љубовни проблеми ме асоцира повеќе на проблеми во врска со љубовта, (изневерувања, маки со партнери, итн итн), а прашањето на пример што го заборавив а сакав да го прашам ми беше поврзано со тој подфорум ама не и со таа тема, баш и гледав да најдам некоја слична но не најдов. Мислам дека има доста такви прашања што ете не можат да се вклопат во веќе постоечките па место да се отвараат нови теми за буквално се мислам дека подобро би било да се собираат на едно место, но сепак вие си знаете како ви е полесно да работите :)
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Она кога сфаќаш дека талентирани луѓе од било која бранша се убиени од барбари кои знаат само како да репетираат и пукаат со оружје. Додека некои луѓе учат како да заминат на нови ѕвезди, да откријаат нови галаксии, да пресадат органи и да спасат човечки живот, да ја напреднат технологијата за да можеш да го документираш својот живот, да учат право за да одбранат невини и осудат виновни луѓе, други гледаат само да убијаат некого зошто така перцепирале некој пасус од книга.
Се повеќе сметам дека Дарвин погрешил кога ја поставил теоријата за еволуцијата. Некои луѓе еволуираат. Некои едноставно НЕ.
Да живееш во Париз, во градот на културата, уметноста, поезијата и да одлучиш свесно да го блокираш тоа за да се фокусираш на масакрирање на луѓе... Немам коментар, едноставно моето пацифистичко размислување сфаќам дека полека ќе ме докрајчи.
Си имам кажано јас низ темава, за мене само живеење на друга планета е решението.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Зарем треба да се убие секој човек кој те исмејува?!
Не можам да разберам какви монструми се создаваат и живеат. Бранат своја религија но всушност ја оцрнуваат и ја погазуваат.
Се јавија многу муслимани со паролата Јас сум Ебдо,да покажат дека го осудуваат таквиот монструозен чин и дека не се сите муслимани исти.
Друга работа не ми е јасна, еден од гадовите бил ослободен од затвор пред неколку години(односно пуштен на условно)кога виделе дека е агресивен и ненормален што го ослободиле?!
Трета работа кога ќе прочитам некои неписмени што коментираат на статиите поврзани за овој чин како они го одобруваат тоа, ми иде да отворам една црна дупка и сите да ги стрпам таму. (facepalm)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Она кога сфаќаш дека талентирани луѓе од било која бранша се убиени од барбари кои знаат само како да репетираат и пукаат со оружје. Додека некои луѓе учат како да заминат на нови ѕвезди, да откријаат нови галаксии, да пресадат органи и да спасат човечки живот, да ја напреднат технологијата за да можеш да го документираш својот живот, да учат право за да одбранат невини и осудат виновни луѓе, други гледаат само да убијаат некого зошто така перцепирале некој пасус од книга.
Се повеќе сметам дека Дарвин погрешил кога ја поставил теоријата за еволуцијата. Некои луѓе еволуираат. Некои едноставно НЕ.
Да живееш во Париз, во градот на културата, уметноста, поезијата и да одлучиш свесно да го блокираш тоа за да се фокусираш на масакрирање на луѓе... Немам коментар, едноставно моето пацифистичко размислување сфаќам дека полека ќе ме докрајчи.
Си имам кажано јас низ темава, за мене само живеење на друга планета е решението.

Да живееш во Париз, во градот на културата, уметноста, поезијата и да одлучиш свесно да го блокираш тоа за да се фокусираш на масакрирање на луѓе.... во Мали, Либија или Афганистан и тоа со касетни бомби и наведувани ракети кога наеднаш се бришат цели семејства а кои ситуации никогаш не стигнуваат на тв екраните... тоа се еволуирани системи, Мираж-2000 кој носи пет тони бомби и ракети и 250 гранати е симпатична појава, елегантен аеродинамичен авион кој не носи брада и не вика алахубакбар....ама убива на големо... секоја прича има како и зошто, сега луѓето се шокирани од убиството на новинарите а од други убиства и не баш :)
Да не заборавиме дека имаше и тепих-бомбардирање во Ирак и Афган кога Б-1 и Б-52 натоварени со десетици тони бомби уништуваа раја и градови `Дрезден стајл`... еј, во 21.век тепих-бомбардирања.(facepalm)

Не дека тоа ги оправдува делата на мороните од разни ретардирани исламистички групации, но причините се некаде таму... во просторот... :cool:
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ќе ве замолам дискусијата во врска со Париз да ја префрлите во другата тема (сега ќе и го сменам насловот), не ме сфаќајте погрешно само можете и таму. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ќе ве замолам дискусијата во врска со Париз да ја префрлите во другата тема (сега ќе и го сменам насловот), не ме сфаќајте погрешно само можете и таму. :)

Отвори друга тема, црна хроника из иноземства, а онаа нека остане за локални зулуми :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr