Крај на сериозна врска - тежина или олеснување?

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
207
158
1,043
Скопје
Не ретко се случува долгите врски од кои се очекувало дека кај и да е ќе завршат со брак да им дојде крај. И многу често после тоа партнерите наоѓаат нов партнер и за неколку месеци стапуваат со него во брак. Оправдувате? Што е најчесто причината за крај? Дали мислите дека на двајцата им е полесно што се ослободиле од заедничките проблеми?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,997
9,629
1,683
Normandy
Каков тек требала да има за да се трпат едни со други 8-9-10 години..
Зошто да се трпат?
Што ако ете се сакале во тие 7-8-9 години ама во последните месеци и двајцата гледаат дека освен сакањето, друго ништо не се менува?
Истотака што значи тоа ако после со другата идел 6 месеци и одма влегува во брак? Бракот секогаш постои избор да биде поништен. Не менува многу.
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
789
1,103
Имам пријателка која е во врска 10 години, и вели дека го сака , има љубов но не се замислува со друг , тој и бил прв и низ годините единствен. Тој од негова страна вели: она е таа таа за мене ја сакам ми помага ме цени ... Но има моменти кога она вели сепак е навика, навика да му се јавам пред спиење, да ја кажам таа шега што ќе го насмее кога е тажен, навика што не сум спремна да се откажам од неа, зш не се замислува со друг.
Причина за крај -може да бидат милион причини: оод губење на едниот чорап до неверство нели. Сепак мислам дека бракот со нова личност одма после разделување во старата врска е еуфорија, нова личност , ново запознавање , па таа ништо не знае за него/неа , нова територија неоткриена, и за жал мн често мислењето : годините ми поминаа мора брак.
 
crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Не се завршуваат секогаш долгите врски заради неверство, не ретко се случува да им се радзвојат патиштата на партнерите, да имаат различни цели и сфаќања, интелектуално да се разидат и други промени кои се случуваат низ процесот на растење и созревање (ова особено за врски во млади години). Не го поддржувам бракот со нова личност после долга врска, ретко кој за кратко време успева да се опорави и навикне на живот со нова личност, го сметам за избрзана одлука ради притисок на годините или себезалажување дека некој друг може да ја пополни празнината. Па дури и да не бил емотивно повреден еден од партнерите за сите нови работи е потребно време. Како и да е после одреден период следува сфаќањето дали прекинувањето било добра одлука и олсенување или не, човек се навикнува на се.
 
  • Like
Реакции: Blueberry

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,270
1,183
Disco
Не ретко се случува долгите врски од кои се очекувало дека кај и да е ќе завршат со брак да им дојде крај. И многу често после тоа партнерите наоѓаат нов партнер и за неколку месеци стапуваат со него во брак. Оправдувате? Што е најчесто причината за крај? Дали мислите дека на двајцата им е полесно што се ослободиле од заедничките проблеми?
Имам пријателка која е во врска 10 години, и вели дека го сака , има љубов но не се замислува со друг , тој и бил прв и низ годините единствен. Тој од негова страна вели: она е таа таа за мене ја сакам ми помага ме цени ... Но има моменти кога она вели сепак е навика, навика да му се јавам пред спиење, да ја кажам таа шега што ќе го насмее кога е тажен, навика што не сум спремна да се откажам од неа, зш не се замислува со друг.
Причина за крај -може да бидат милион причини: оод губење на едниот чорап до неверство нели. Сепак мислам дека бракот со нова личност одма после разделување во старата врска е еуфорија, нова личност , ново запознавање , па таа ништо не знае за него/неа , нова територија неоткриена, и за жал мн често мислењето : годините ми поминаа мора брак.
Веројатно тој партнер постоел и за време на долгата врска, само што бил чуван во тајност и после официјалниот крај на врската излегол(излегла) од плакар :zelen па така делува дека `нагло` бил најден нов партнер и брзо се десил брак.
Ок може да биде и еуфорија ама за каква еуфорија станува збор не знам, рандом просечка трпана и рандом митре во експлозија на еуфорија :kafeкои мистерии, освен ако не налетаат на соципат или психопат при што ќе имаат загарантирана забава, шо има да се открива, митре работи за 200 евра, митранка за исто толку, сваќата, свеската шо кажале, дали под кирија да се оди или сепак кај мама и тате да се присоберат уште некоја година...

Друго, нејасни се врските кои траат по 5-10 па и повеќе години, нормално дека ќе со појави срање. Таквите врски обично почнале во средно или на факс, младос`, хормони, ова она, волим те до гроба, никакви предизвици не поминале заедно (испити и оценувања не се предизвици) после икс години се менуваат приоритети шта даље, куд плови овај брод, прашања за брак, деци, заеднички имот... и така врската која на 20 години делувала ептен јако, на 27 или 30 го изгубила контекстот...
 
За еуфорија како на пример: Еј и ја мислам дека соѕвездиено е Касиопеја, и ти? Леле мојата бивша никогаш не ме свајќаше за тоа, или спонтаноста , предходно требало да се консултира со девојката да оди некаде , а сега нова девојка му дозволува се што му било забрането и си вели леле девојката од соништата па сега она ме сака каков што сум, можам да носам зелена маица јеј и примери што ги имам видено и сум се чудела на нивното чувство како да вади оклоп од себе. И наеднаш почнува типот/типката да испаѓа и да гледа свет кој мисли дека бил забранет за него/неа, и смета дека сега очите му се отворени се што мислел сега може да го оствари, и девојката (the rebound girl) е таа која му помогнала според него. Имам видено вакви случаеви кои завршиле со развод.
Секоја личност созрева различно, и без разлика на годините врската започната на 20 години или на 27 години може да заврши исто. Кога станува збор за покомплицирани проблеми од типот работа, сметка за кирија струја сето е предизвик за опстанок во една врска кога ќе имаш многу па ќе немаш ништо. Да не велам дека нема разлика во човековото размислување за "што е проблем во врската" на 20 и 25 години , но и во многу случаеви на 20 години има посозреани личности од оние на 30. Сепак на крај краја , се зависи од личноста и од карактерот кој си го носи во себе.
 
  • Like
Реакции: crvenkapa and Outrider

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,441
2,542
1,133
Па добро чим се работи за долги, сериозни врски најверојатно крајот се знае уште многу порано пред да се рече крај. Сигурно не дошол онака ТУП -крај, чао пријатно. Кога почнуваат оние моменти да ја нема истата страст, кога баш ти е гајле дали секој разговор е завршен со кавга, кога водењето љубов е сведено само на механички секс, кога чувствуваш дека ти е потребен простор за дишење и темите на разговор се намалени... Можам до утре да набројувам.
Тогаш останува само да одлучиш на кој начин би ставил крај. Нормално е да почувствуваш олеснување, а нормално е да почувствуваш и тежина. Се зависи од тоа каква била врската и каков бил крајот.
Стапувањето во брак веднаш после врска ми е глупаво. Ко демек : Еј јас сум ок, продолжив со животот,среќна сум. Мало морген дека после долга врска ќе се заљубиш така лесно во друг, па и дека ќе посакаш да створиш семејство со истиот. Тоа некако ми е дај шта даш, ми дојдоа годините немам друг избор. Малку е без везе според мене, но се си е до карактер, сопствените желби и сфаќања.