Сакам да кажам/Сакам да прашам

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Го пријавив мислењето зш незнам кој е модератор во општи па види ги бе испод чест им е да одговорот на едно е прашање...цццц
Бејб, не нервирај се. Губиш на убавина. Младина е то, не се старци ко нас :)
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Не ми испод чест туку не сум 24/7 на форумов, стрпи се малку.
Ете ти го избришав.
немам време за чекање :cool:
Бејб, не нервирај се. Губиш на убавина. Младина е то, не се старци ко нас :)
И тоа што викаш они накај што одат ние се варќаме ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сакам да прашам како да си избришам мислење нели едно време можеше сега немозам или како беше?
Чинам за постарите мислења од 2 часа не може да ги избришеш. Ако е нешто кое потегнува проблем, обрати се кај нас во администрација виа ПП.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Чинам за постарите мислења од 2 часа не може да ги избришеш. Ако е нешто кое потегнува проблем, обрати се кај нас во администрација виа ПП.
фала сега знам ама порано нели можеше и јас да го бришам или грешка сум ?
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Кога е времето вака врнежливо и лудо, седам и со кафето размислувам за ролеркостерот наречен живот.

Посебно ме погоди кога ги прочитав вестите за сите млади луѓе кои животот го загубија во сообраќајни несреќи во изминатиов период, што ме натера да размислувам кој е виновник за тоа што овој свет прерано го напуштија многу луѓе во тинејџерските години. Сфатив дека најлошиот коктел не е лонг ајленд, туку комбинацијата на адолесцент, алкохол и бесна кола со многу коњски сили. Сум го поминала тинејџерстовото и можам да им бидам само благодарна на моите родители што не ми дале да возам автомобил тогаш. Мислам дека делумно родителите ја носат вината затоа што за да им угодат на децата, им даваат таква моќ, а тие уште немаат доволно развиен мозок за да сфатат колку е ризично да се управува со автомобил кога во крвта имаш алкохол од над дозволено количество на промили.

Не сфаќаат дека со тоа само им одмагаат, еве шоферот на колата во случајот каде што излетаа во реката, се проба да си го одземе животот. Тие родители кои му го дале клучот нему, сега ќе мораат да го гледат своето дете како цел живот носи на совест смрт на 3 луѓе.
И сум за казни. И тоа многу поголеми. И одземање на возачки дозволи. Ако некој направи прекршок, казни го да не може зад волан да седне уште минимум една година, па може повеќе ќе им дојде умот. Или пак нека се забрани лица под 25 години да можат да возат после 10ч. навечер. Знам дека ниедно не е совршено решение, меѓутоа ова што се случува е страшно. Десетици луѓе умреа од ова во последниве 2 месеци. И срце ме боли кога ќе прочитам дека тоа се деца на 16 - 23/24 години...
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Додека тука се воде војна кој ќе измисли лек за рак јас да поставам едно просто прашање?
Како можам да постирам слика/видео тука? :D
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Додека тука се воде војна кој ќе измисли лек за рак јас да поставам едно просто прашање?
Како можам да постирам слика/видео тука? :D

1.png
За постирање на слика можеш да клинеш на делот кај левиот круг и да направиш copy-paste или пак, да кликнеш на Прикачи... и да си постираш слика од твојот компјутер. За видео можеш да кликнеш на десното кругче и да направиш copy-paste на видеото. И... welcome на форумот!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Едно (сериозно) прашање до модераториве и админов .. како темата за менување на грбот не е ПОЛИТИЧКА ? Ај .. ако толку не е објаснете ми детално зошто не е. Ја пријавив со објаснување, но гледам никој ништо не превзема.