Вака стои во македонскиот правописен речник: тренИрки, танчАр, комбе/комби(дублет), лавров(со лаворов и ловоров дублети), и моите омилени: лакот и нокот.
Е, во новиот правопис што се „крчка“ ништо од ова не е сменето.
Објаснување:
1. Тренерка било женски род од тренер, а тренирка односно тренирки, е облеката во која тренираш.
- каде во животов сте сретнале некој да напише тренирка? ТреЊерка да... може да се каже, ама тренИрка?
2. Танчар било затоа што - не знам никогаш не најдов објаснување зошто е танчАр, кога секој вика танчер... веројатно реликт е ова од некој темен вокал од старословенски - а во пракса се заменуваат со вокалот А.
3. Комбе/комби - кога се сретнав со ова, сметав дека професорката се штукнала од мозокот, па оние неписмените репортери успеале да ѝ извршат влијание. За волја на вистината, очигледно јас сум бил неписмен. Комбе и комби во македонскиот јазик биле дублети. Боже пази, објасни, убедиме зошто ова чудо е ставено како дублет...
4. Лавров венец - поздрав. Овде завршувам со објаснување.
5. Лакот и нокот - еј ај да ги членуваме лакотот, нокотот, ама може лактот и ноктот - не е проблем, меѓу Граматиката на Конески и тоа Граматиката на македонскиот јазик, тоа плавото книгиче уште не можат да се договорат како е правилно.
А тоа било реликт од старословенскиот јазик.
Кој вика Боже мили денес лакот??? Кој?
- правиш нов правопис, составуваш нов правописен речник и само ги препишуваш старите баналности.
- едвај чекам да излезе во јули овој фамозен проект... ќе ви порачам памперс и да си се смеам.
- до душа за уште нешто го чекам. Имаат пишано во речников правописен дека чоколадо и чоколада се два различни поими, ама живот би дал, да знам кога јадам/пијам чоколада, а кога чоколадо, ама до ден денес не дознав, оти толковниот речник кој излегуваше во томови, до ден денес не е доизлезен од печат...
Ех моја чудесна Македонијо, јазиков си го немаш уште докодифицирано како што треба, историјата ти ја оспоруваат, црквата едвај ти ја признаваат, просветителите со кои се гордееш Грци биле... е во ова време на некој му е дојдено, споменици да ти прави, грбот да ти го менува, децата од дома со беспарица да ти ги брка...