Сакам да кажам/Сакам да прашам

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Затоа јас цело време лајкови ти ставам да не ти ја опаднам самодовербата :D
Само така продолжи, и знај, кога нема што да правиш или ти е досадно јас сум тука
да ми ставиш лајк :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Дојде тој момент во животот кога на луѓето јас им оставам впечаток дека сум песимист. Не се сметам за песимист, иако мислам дека во последно време за нијанса попесимистичко гледам на работите. Но, не можам да се класифицирам како 100% песимист. На работите ги гледам двете страни, оптимистичката и песимистичката, ги размислувам, ги разгледувам и ги изнесувам во муабетот. Започнувам разговор со оптимистичко гледање, АМА го завршувам со песимистичко. Се трудам да бидам позитивна, АМА на крајот испаѓам негативна. Убаво... АМА... лошо. Зошто има АМА кај мене? Зошто не е само она првото, она убавото? Само позитивно? Фак... дали сум била цело време во заблуда дека сум позитивна личност?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
С***чено ми е да удоволувам постојано некого по секоја цена. Да, те сакам, ми значиш и сакам да бидеш среќен и задоволен. Али дали имам и јас право на тоа? Дали мора се во животот да се решава со закани и манипулација? Зошто секогаш јас да попуштам? Се осеќам психички толку измачена, што гледајќи наназад низ што се имам поминато, целата работа ми е тотално изопачена. На крајот испаѓа, секој си прави што сака само да му одговара на неговиот г'з. Се прашувам што би се случило доколку започнам и јас да гледам само за себе си и за никој друг и дали и тогаш ќе бидам тооооолку многу сакана како што сум сега.

П.С. Прв пат некој ме смета за фашист... кул.
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
Не очекував дека ќе ми се сврти вака животот во спротивна насока на подобро. Кога се обидуваш да си го подобриш животот само тониш, а кога ќе си посветиш време на себе да се градиш самиот како личност и кога веќе не ти е важно кој шо мисли за тебе и не ти е гајле дали ќе импресионираш некого тогаш убавите работи сами си доаѓаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina, Luckky and JaMi

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Вака стои во македонскиот правописен речник: тренИрки, танчАр, комбе/комби(дублет), лавров(со лаворов и ловоров дублети), и моите омилени: лакот и нокот.
Е, во новиот правопис што се „крчка“ ништо од ова не е сменето.
Објаснување:
1. Тренерка било женски род од тренер, а тренирка односно тренирки, е облеката во која тренираш.
- каде во животов сте сретнале некој да напише тренирка? ТреЊерка да... може да се каже, ама тренИрка?
2. Танчар било затоа што - не знам никогаш не најдов објаснување зошто е танчАр, кога секој вика танчер... веројатно реликт е ова од некој темен вокал од старословенски - а во пракса се заменуваат со вокалот А.
3. Комбе/комби - кога се сретнав со ова, сметав дека професорката се штукнала од мозокот, па оние неписмените репортери успеале да ѝ извршат влијание. За волја на вистината, очигледно јас сум бил неписмен. Комбе и комби во македонскиот јазик биле дублети. Боже пази, објасни, убедиме зошто ова чудо е ставено како дублет...
4. Лавров венец - поздрав. Овде завршувам со објаснување.
5. Лакот и нокот - еј ај да ги членуваме лакотот, нокотот, ама може лактот и ноктот - не е проблем, меѓу Граматиката на Конески и тоа Граматиката на македонскиот јазик, тоа плавото книгиче уште не можат да се договорат како е правилно.
А тоа било реликт од старословенскиот јазик.
Кој вика Боже мили денес лакот??? Кој?

- правиш нов правопис, составуваш нов правописен речник и само ги препишуваш старите баналности.
- едвај чекам да излезе во јули овој фамозен проект... ќе ви порачам памперс и да си се смеам.
- до душа за уште нешто го чекам. Имаат пишано во речников правописен дека чоколадо и чоколада се два различни поими, ама живот би дал, да знам кога јадам/пијам чоколада, а кога чоколадо, ама до ден денес не дознав, оти толковниот речник кој излегуваше во томови, до ден денес не е доизлезен од печат...
Ех моја чудесна Македонијо, јазиков си го немаш уште докодифицирано како што треба, историјата ти ја оспоруваат, црквата едвај ти ја признаваат, просветителите со кои се гордееш Грци биле... е во ова време на некој му е дојдено, споменици да ти прави, грбот да ти го менува, децата од дома со беспарица да ти ги брка...
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Сакам да прашам како да си избришам мислење нели едно време можеше сега немозам или како беше?
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Бараш помош од модератор кој е надлежен за тој подфорум.
Го пријавив мислењето зш незнам кој е модератор во општи па види ги бе испод чест им е да одговорот на едно е прашање...цццц
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Го пријавив мислењето зш незнам кој е модератор во општи па види ги бе испод чест им е да одговорот на едно е прашање...цццц
Не ми испод чест туку не сум 24/7 на форумов, стрпи се малку.
Ете ти го избришав.