СДК после повеќе месечно отсуство, повторно на форумов и... дежа ву. Нотификации од стотина непрочитани мислења, сепак нешто се променило, порано се фалев со скриншот ама во меѓувреме мислам дека созреав барем за нешто. Прво нешто што го правам, отворање на темава и читање на триесетина непрочитани страници. Повторно губење желба за останување на форумов. Не знам можеби до мене е. Обично следеше и цитатот „не знам што ме натера да се вратам“, овој пат и тоа е променето. Ја знам причината и ќе се задржам уште малку на подфорумите филмови и серии, мојата некогашна страст и пасија. Денес немам време ни за филм. Барем во тоа сам се убедувам. Најмногу ме плашат зборовите на другарка ми: „Секоја вечер седиш до 5 сабајле и ти си немал време за добар филм“. Па еве и оваа вечер, се лажам себе си дека денес направив нешто продуктивно, а се знам себе си многу убаво. Доаѓам до заклучокот дека се уште сум тој детинестиот. Никогаш нема да се променам. Никогаш нема да созреам...