Сакам да кажам/Сакам да прашам

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
СДК дека ова ми е прв пост на форумов и дека долго размислував каде да го објавам мојот прв пост и еве, овде одлучив.:sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Отсекогаш ме интересирало (ама прецизен одговор од девојчињата, please! ) зошто чекаат да им пиши прво машкото? :D
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Слушав на еден подкаст нешто околу традицијата и културата и загрозеноста на истата од надворешни влијанија, се работеше за Британија ама сепак сиот муабет смрдеше на полураспаднат леш на доковите од Темза при крај на 19.век. А сигурен сум дека не мирисале убаво... поради апелот за враќање кон старите вредности бикоз денес светот забегал и сета таа мантра, глобализација бла бла...

Која превара е културата тоа е невидено. Која црна традиционална култура и губење на истата, што имаат заедничко некој лик од 1456 и денес, јазикот е скроз различен, перцепцијата тотално различна, религиско-суеверната доминација е скоро изумрена, смрдеата, вошките и културата на језива нехигиена, изгниени вилици и г**на по ендеците, насилната култура на крвничко тепање на сопругата и децата како нормална и пожелна појава, културно-забавната морбидна фасцинација со смртни казни со черечење на сред село или на плоштад, убиствената неписменост, парализирачки страв од мракот, ограниченоста на 20км радиус цел живот и трилион ситни и крупни разлики во живеачката.

Да се појави вонземјанин од планетата Пчзтуилјдј-666 ќе најде повеќе допирни точки со денешниот жител на дотична земја него денешниот жител со својот `етничко-повијесни` предок од пред 500 години.

Фантазии и романтизирање на непостоечко минато и непостоечки поврзници меѓу замислените вредности, демек имало храброст и чест во тоа време. Пошто некако успеваат да ги прикажат храброста и честа како етнички обележја а не човечки.(facepalm) Као некој ги спречува да бидат храбри и чесни денес. (facepalm)

А најстрашно дека истиот скапан културен наратив владее по цел свет...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Кога гледам слики и видеа од студентскиот марш ми доаѓаат солзи поттикнати од чувство на импресија, среќа и восхит.

1.jpg

Се надевам дека ќе успеат во својата цел и се надевам дека во иднина доколку има потреба, ова ќе ги инспирира луѓето да се борат за своите права.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Читам цел ден постови на фејсбукоФ плукнат, како работата на еден студент било да учи само и ништо друго да не го интересира, како додека дипломираш требало мече да родиш, како луѓе имале 9.9 просек и за нив не претставувало никаква тешкотија да полагаат испит, затоа што типката што го пиша ова спремала правосуден од 5000 страни и не и било стварно проблем да полага државен испит.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Читам цел ден постови на фејсбукоФ плукнат, како работата на еден студент било да учи само и ништо друго да не го интересира, како додека дипломираш требало мече да родиш, како луѓе имале 9.9 просек и за нив не претставувало никаква тешкотија да полагаат испит, затоа што типката што го пиша ова спремала правосуден од 5000 страни и не и било стварно проблем да полага државен испит.
Не појде на марш?
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
После долго пак се регистрирав на твитер ај кажујте кои сте таму да ве следим посебно :zelen
 
Последна промена: