Слушав на еден подкаст нешто околу традицијата и културата и загрозеноста на истата од надворешни влијанија, се работеше за Британија ама сепак сиот муабет смрдеше на полураспаднат леш на доковите од Темза при крај на 19.век. А сигурен сум дека не мирисале убаво... поради апелот за враќање кон старите вредности бикоз денес светот забегал и сета таа мантра, глобализација бла бла...
Која превара е културата тоа е невидено. Која црна традиционална култура и губење на истата, што имаат заедничко некој лик од 1456 и денес, јазикот е скроз различен, перцепцијата тотално различна, религиско-суеверната доминација е скоро изумрена, смрдеата, вошките и културата на језива нехигиена, изгниени вилици и г**на по ендеците, насилната култура на крвничко тепање на сопругата и децата како нормална и пожелна појава, културно-забавната морбидна фасцинација со смртни казни со черечење на сред село или на плоштад, убиствената неписменост, парализирачки страв од мракот, ограниченоста на 20км радиус цел живот и трилион ситни и крупни разлики во живеачката.
Да се појави вонземјанин од планетата Пчзтуилјдј-666 ќе најде повеќе допирни точки со денешниот жител на дотична земја него денешниот жител со својот `етничко-повијесни` предок од пред 500 години.
Фантазии и романтизирање на непостоечко минато и непостоечки поврзници меѓу замислените вредности, демек имало храброст и чест во тоа време. Пошто некако успеваат да ги прикажат храброста и честа како етнички обележја а не човечки.
Као некој ги спречува да бидат храбри и чесни денес.
А најстрашно дека истиот скапан културен наратив владее по цел свет...