Денов - емоционален ролеркостер.
Балансот кој ми е потребен речиси и да го нема.
Сосема обични, секојдневни разговори знаат да го извадат најдоброто, најлошото, најстрашното и најскриеното од човека.
Сечиј страв демне некаде во длабочината на нашите мисли, и моментот кога истиот некако ќе подисплива на површина, се пресекуваме и го враќаме од кај што дошол бидејќи не сме спремни да го „слушнеме“ гласно.
Ведро, весело пладне и чудна вечер.
Една тажна животна приказна и еден навидум обичен муабет.
Братучед ми пораснал. Го нема малото дете што плачеше и се припиваше до мене секојпат кога по негов избор ќе му ја пуштев Самара. Денеска гордо ми изјави дека дада му никој не смеел да ја дира и дека од неа научил премногу работи што го правеле она што е денес.
И се збунив, ме пресече во корен, па го прикрив тоа онака како најдобро знам - со шега. Мал е де, 15ка раситнил, што знае тој за „она што е денес“.
Тој расне, јас созревам, нашите стареат. И ова е момент кога се соочувам со еден страв, и сакам да се вратат тие мали деца што бевме, и нашите да ги немаат тие неколку ситни, почетнички брчки, а Самара пак да ни е најголемиот страв.
Но тркалото вртоглаво врти.
Денешниве „празници“ и гестови се толку смешни, минијатурни и бесмислени во споредба со неколкуте реченици што ми врзаа шамари.
Лав из ин ди ер, пропратено со слика од лав во воздух. Зашто сме иновативни bad joke eels.
Ми треба омиленото нескафе, аналгин, комедија и сон.