Најубавата љубовна приказна.
Слушам на радио по повод Валентин,некоја емисија во која слушателите ги раскажуваат своите љубовни приказни.
Се јави некоја баба и раскажува за својата љубов.
Додека била млада се сакале со некое момче од комшии и затоа што биле од различна вера родителите не им дозволувале да бидат заедно.
Поминале години,секој по свој пат и за време на војната во Босна,паднала граната и бабава била повредена.
Од никаде се појавил тој,ја спасил(и помогнал)
и од тогаш се заедно веќе 40 години.
Како баш тогаш се нашол на место на настанот?
Се наежив целата додека ја слушав како раскажува.
Животот пишува неверојатни сценарија драги мои.
Гледајте го како предизвик и верувајте во љубовта