МПЦ го анатемисува паганизираното прославувањето на Божиќ.
Исус, најверојатно излислен лик поради политички и економски цели, не е можно да бил роден ниту на 25.12 ниту на 7.1. Познаватели на библијата проценуваат дека ако постоел према евангелијата би бил роден во Март.
Датата е поместена на 25.12 поради спојување на новиот рисјански празник со прославите на култот на непобедливото сонце, дотогашна мејнстрим религија на пагански Рим и ха-це паганот Константин кој бил рисјанин колку што отварач за пиво е слон.
Роденденот на Исус е дата на раѓање донесена со декрет.
Денешната црква критикува празник за паганштина поради датум донесен на сила од страна на паган. Лоџик хес гон ин хел.
Од друга страна, и покрај упорноста и посветеноста на правоверието, рајата никогаш не отстапила од паганизмот. Бидеќи нивните празници биле народни веселби, со јадење, пиење, дружење, маски, песни, подароци, огнови и деца шо собираат поклони. А во тоа време тие настани биле едни од ретките во кои секаква раја се мешала и имала шанса да касне малку повеќе и малку подобро од обични денови во кои исхраната била јадна како рисјанско лецемерие. Рајата сакала да се провесели, барем неколку пати годишно и затоа паганските празници биле искрени веселби.
А што имало рисјанството да понуди наместо паганскиот празник? Испосништво, целибат, насекаде присутни гревови, ѓаволот го гледале на секој агол, казни, самоцензура, страв, култ на мачеништво, тотеми со распнат човек кој умира во агонија, смрдлив темјан и кандила, испиени и смркнати лица на светци и слични црнила и сивила.
После векови во кои црквата сериозно (иако неуспешно) се трудела со помош на масакри, прогони и мачење да ги искорени паганските обичаи - сватила дека нема шанси и најарно ќе биде да ги префарба и вклопи во рисјанството.
Бизарно е што не го погодиле ниту второто доаѓање. Кое наместо во Новиот Ерусалим се случило на Куба. Ернесто Гевара бил второто доаѓање, без разлика што бил неверник. Само што никој не го препознал...viva Santo Che !