Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Се жалиме и проповедаме дека жената не знаела колку вреди. Точно е.
Но, некогаш не бидејќи се потценува, туку бидејќи се преценува до точка на бламирање и изигравање сељандура, нема пардон.
Ама ги отекоа социјалниве мрежи со некоја искомплексирана што напишала некаков си текст дека она била жената на животот на некој младич, а сите пред и после неа биле небитни, оти ако биле битни, бар името ќе им го знаела. А јас се кладам дека и матичен и број на пајаци во едно ќоше од собата им знае.
А таа дали 20ина години има. Жената...Добро бе, дали сте вие нормални и озбилни со тој шунд?
И тоа го прават истине кои кукаат зашто се сами, а тоа е зашто се затвориле во некој свој свет каде постои само еден мужјак чиј живот го манијачат и сфаќаат на еротомански начин што уствари нема допирни точки со реалноста.
Мори невесто, секогаш имало бивши и идни, а очигледно и ти си само една од тие...чуму бре трескање од земја?
Цитирам...
Ти си следната на списокот со кој тој си го исполнува времето! И ти и останатите, кои мислите дека ме изместивте- грешите! Јас го обележав со спомените до крајот на животот! Љубовта која ниту една нема да успее да ја избрише! Јас сум таа, чие име го знаат сите- и бивши и идни! Јас сум таа од која сите тајно се плашат! Јас сум жената на неговиот живот! Вие кои бевте?!
Кои сте бе, а? Смртници!
Hold your horses, sister. Од кај да почнеме да ти посочуваме што е идиотско во текстов...
И јас исто викам, да не беше повредата на Ал, Перо ќе си играше 2 минути и ќе шутнеше 5 тројки. Иначе сакав да прашам зашто не пишувате во темата за нба туку во оваа?